Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи: Македонија ќе ги исполни критериумите за влез во ЕУ
Македонија

Османи: Македонија ќе ги исполни критериумите за влез во ЕУ

февруари 5, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, изјави дека утре евроамбасадорот Семјуел Жбогар ќе му ја достави Стратегијата на Европската комисија за проширување со земјите од Западен Балкан до 2025 година. Османи очекува јасен сигнал дека Македонија има перспектива по затворање на отворените прашања во смисла на односите со соседите.

„Имаме прелиминарни информации што ќе содржи Стратегијата, но дефинитивниот текст ќе го видиме утре. Очекуваме да биде јасно сигнализирано дека Македонија има перспектива по затворање на отворените политички прашања во смисла на односите со соседите. Меѓутоа, тоа што го реков е важно Македонија да добие можност да го достигне рокот заедно со Србија и Црна Гора доколку во меѓувреме успее да ги исполни критериумите“, рече Османи.

Тој денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања го одржа вториот координативен работен појадок со амбасадорите и нивните претставници од земјите од Западен Балкан.

„Стратегијата за проширување на ЕК претставува една од најважните инцијативи на Европската комисија за овој регион затоа што директно покажува дека Европската Унија го враќа фокусот на регионот, а процесот на проширување со земјите од Западниот Балкан – повторно високо на агендата на Европската Унија“, истакна Османи додавајќи дека со овој документ Комисијата го става процесот на проширување на цврсти шини, со прецизни рокови, нешто што претставува обврска и за самата Унија.

Вицепремиерот Османи изрази очекување дека покрај Црна Гора и Србија, за кои е најавено а и се очекува да бидат наведени во Стратегијата како земји кои во моментов го предводат евроинтегративниот процес во регионот, во Стратегија соодветно да бидат наведени и европските перспективи за Македонија и Албанија, кои би биле охрабрени, согласно со успешното адресирање на обврските, набргу да ги почнат преговорите за членство, и со тоа, да се приклучат на истиот колосек за влез во Унијата до 2025 година.

Османи додаде дека очекува соодветно место во Стратегијата и за Босна и Херцеговина и Косово, кои треба да добијат јасни пораки дека се добредојдени и дека нивното место е во Унијата, со што целиот регион ќе се стави на европски шини и ќе се затворат дилемите за европската ориентацијата на земјите од Западниот Балкан.


актуелно албанија Бујар Османи ЕК ЕУ македонија србија Церна Гора
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.