Земјотрес со сила од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Мексико. Според извештаите од локалните медиуми, во земјотресот нема жртви и не е причинета голема материјална штета.
Поради земјотресот, без електрична енергија останале милиони луѓе. Неколку илјади луѓе ноќта ја поминале на отворено поради страв од нов потрес.
https://www.youtube.com/watch?v=4PT5bNCMnRs
Пред пет месеци Мексико го погодија два силни земјотреси. Првиот со јачина од 8,2 степени се случи на 7 септември, а во него загинаа 96 луѓе. Вториот се случи на 19 септември со јачина од 7,1 степен и во него загинаа 369 луѓе.
Во Мексико земјотресите се чести поради тоа што државата се наоѓа на место на кое се спојуваат пет тектонски плочи.







