Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Силна поддршка од Германија за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО
Македонија

Силна поддршка од Германија за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО

февруари 21, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Силна поддршка од Германија за стратешките определби на Македонија за влез во ЕУ и НАТО доби македонскиот премиер Зоран Заев на денешната средба во Берлин со германската канцеларка Ангела Меркел.

„Добивме силна поддршка од германската страна за нашите стратешки определби, влез во ЕУ и НАТО. Нам ни останува да продолжиме со реформите и со решавање на спорот со Грција. Тоа се тешки прашања, но ние ќе најдеме решение, во кое ќе ги вклучиме и опозицијата и претседателот на државата, а ќе се прашаат и граѓаните, рече Заев.

Додаде дека на средбата е оценето оти Република Македонија 2017 година ја завршила како исклучително успешна приказна.

„Успеавме да покренеме процеси за решавање на долгогодишните недоразбирања со нашите соседи, рече Заев, алудирајќи на Договорот со добрососедство со Бугарија и обновените преговори со Грција.

Македонската Влата, истакна Заев, е решена да ги решава проблемите со соседите и да развива регионална соработка.

Тој ја покани канцеларката Меркел во текот на годинава да ја посети Македонија.

Германската канцеларка нагласи дека Германија го поддржува итнегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО, но оти во тој процес секоја земја се оценува индивидуално, во зависност од нејзините достигнувања и исполнувањето на критерумите.

За Меркел не е битен датумот за влез во Унијата, туку дали одредената земја ги исполнила критериумите.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа кога очекува земјите од Западен Балкан да станат членки, таа рече дека важни се реформите.

„Насочени сме кон исполнување на условите, во преден план не се датумите. Кога ќе биде постигната зрелост ќе има влез. Има услови, критериуми од ЕК, ако бидат исполнети одредена земја може да стане членка. Дали тоа ќе се случи побрзо или побавно зависи од спроведените реформи, нагласи Меркел.

Таа посочи дека Берлинскиот процес имал цел да ги интензивира контактите меѓу шесте земји од Западен Балкан, при што тука ја потенцираше во моментов улогата на Бугарија, која како актуелен претседавач со ЕУ дава придонес во тоа.

Го спомена самитот во мај во Софија со земјите од Западен Балкан, а потоа во Лондон ќе има средба на учесниците во Берлинскиот процес.

Како особено важни за регионот ги посочи проектите од сферата на транспортот и напомена оти такви иницијативи има во сите земји.

Одговарарајќи на новинарско прашање за евентуалното руско влијание врз аспирациите на Македонија за влез во ЕУ и НАТО, Заев рече дека Македонија нема друга алтернатива, но оти сака да има добри односи со сите земји.

„Ние сме мала земја, сакаме да градиме односи со сите земји, секако сакаме да ги подобриме нашите односи со Русија, но немаме друга алтернативна освен полнправно членство во НАТО и ЕУ, рече Заев.

Македонскиот премиер ја истакна поддршката од Германија и на економски план. Германија, посочи Заев, е прв трговски и меѓу најважните стратешки партери на Македонија. Билатерланата трговска размена годдишно иснесува 3,6 милијарди евра, а во Македонија работат 200 германски фирми кои отворија 20 илјади работни места. Заев ги покани германските комапании да продолжат да инвестираат во македонија, а во тоа, како што рече, ќе имаат силна поддршка од Владата.

Заев ја посочи и соработката во одбраната, потсетувајќи дека над 200 македонски офицери биле обучувани од германската армија, а мировниците на АРМ во мисијата во Авганистан се под германска команда.

Заев информира и дека се разговара за склучување договор за признавање на возачките дозволи.

Македонскиот премиер кој ја предводи владината делегација во чиј состав се и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и шефот на дипломатијата Никола Димитров, попладнево во Берлин ќе има средба и со претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер.

актуелно балкан германија ЕК ЕУ Заев македонија Меркел НАТО унија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.