Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Хан и Могерини доаѓаат во Македонија по извештајот на ЕК
Македонија

Хан и Могерини доаѓаат во Македонија по извештајот на ЕК

април 3, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан се очекува да ја посетат Македонија на 18 април, еден ден по објавувањето на Извештајот за напредокот на земјите од страна на Европската комисија, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

„Нашите очекувања се дека тоа ќе се случи после Извештајот што го очекуваме на 17 април. Веројатно тоа би било 18 април посетата овде, затоа што тогаш тука ќе се одржи Дигиталниот самит. Верувам дека 18 и 19 април ќе бидат датумите кога ќе биде посетата од комесарот Хан и од високата претставничка Могерини – рече премиерот Заев на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со неговиот гостин колегата од Словенија Мирослав Церар.

Шефот на македонската Влада запрашан дали очекува вето од постојаните членки на Советот за безбедност Русија и Кина по последното протерување на руски дипломат од страна на Скопје и епизодата Тајван со Кина, изјави дека не очекува вето од страна на Москва и Пекинг доколку се постигне договор со Грција за името и тој биде упатен пред Советот за безбедност на Светската организација.

Ние сме пријатели со Кина и Русија, рече Заев, и посочи дека со Кина се остварува соработка преку процесот 16+1, а се надева на продолжување на соработката и со Русија.

„Кога се нарушени домашните закони и Виенската конвенција ние сме должни да ја постапуваме и да ја почитуваме меѓународната легислатива која важи подеднакво за сите земји, но и на домашните закони. Со искрено почитување можеме да градиме пријателство. Очекувам поддршка за резолуцијата и од Русија и од Кина за евентуалниот договор со Грција, рече Заев.

Словенечкиот премиер Церар, пак, изрази уверување дека сега е вистинско време кога Македонија може да го реши спорот со името.

„Словенија го поздравува фактот што овие разговори се интензивираа, искрено сакаме да дојде до решавање на ова прашање што поскоро. Ми се чини дека сега е вистинскиот момент кога условите се веќе созреани дека е можно решавање на ваквото прашање. Затоа ја изразувам својата желба да дојде до некаква спогодба која на Македонија ќе и овозможи да може да диши со полни гради, рече Церар.

актуелно виенска Јоханес Хан Кина конвенција Могерини русија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.