Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во четвртфиналето на Мастерсот во монте Карло. Тој денеска загуби од Австриецот Доминик Тим со 6:7 (2:7), 6:2, 6:3.
Тим по вторпат славеше против Ѓоковиќ во седмиот меѓусебен дуел.
Ѓоковиќ го доби првиот сет во тај-брејк, откако во гемови губеше со 4:1 и 5:2, но младиот Австриец беше подобар во следните два.
Во четвртфиналето Тим ќе игра против подобриот од мечот меѓу шпанецот Рафаел Надал и Русинот Карен Хачанов.
Турнирот во Монте Карло се игра за награден фонд од 4.872.105 евра.
(Фото: ЕПА-ЕФЕ)







