Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп не би одобриле вооружен судир меѓу тие две држави, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Лавров потенцираше дека непосредно пред нападот на Сирија, Москва му кажала на Вашингтон кои пдрачја во Сирија претставуваат „црвени линии“, истакнувајќи дека „воената акција на САД не ги поминала“, пренесува агенцијата Ројтерс повикувајќи се на „РИА новости“.
Трамп сака да го види Путин во Белата куќа
„Американскиот претседател Доналд Трамп го повика, во текот на телефонскиот разговор, рускиот претседател Владимир Путин да ги посети САД и истакна дека би му било исклучително драго да го види во Белата куќа“, изјави денеска шефот на руската дипломатија Лавров.
Тој вели дека Трамп го покренал прашањето за посета на Путин на Америка неколку пати во текот на нивниот разговор.
Според неговите зборови, Трамп му рекол на Путин и дека сака да дојде до возвратна посета на Русија.
„Американските воени удари на Сирија минатата недела ја отстранија секоја морална обврска која Русија ја имаше за да не ги дава антиракетните системи Ц-300 на својот сојузник, претседателот Башар ал Асад“, рече денеска меѓу другото Лавров.
Тој, исто така, наведе дека е уверен дека двајцата претседатели, Владимир Путин и Доналд Трамп нема да дозволат да се случи вооружен судир на нивнте две држави.







