Европската фудбалска унија (УЕФА) соопшти дека трофејот на Лига Европа не е оштетен после кражбата во мексико.
Сребрениот пехар беше на промотивен настан во градот Леон, во Мексико, кога бил украден од возилото со кое бил пренесуван.
„Трофејот беше украден, но само кусо време. Брзо е вратен и на него нема никакви оштетувања“, се наведува во соопштението на УЕФА.
Во полуфиналето на Лига Европа ќе се состанат Арсенал и Атлетико Мадрид, односно Марсеј и Салцбург.
Првите полуфинални натпревари се на програмата следната недела.







