Австрискиот канцелар Себастијан Курц најави дека Австрија нема да дозволи водење на предизборна кампања на турските политичари на тлото на „Алпската република“.
„Такво мешање нема да дозволиме“, изјави Курц по повод најавата за распишување на парламентарни и претседателски избори во Турција.
Предизборните настапи на турските политичари, пред минатите избори, предизвикаа во повеќе земји во Европа меѓу кои и Австрија, остри дискусии и дипломатски тензии со Анкара.
„Ако Турција и овој пат планира слични настапи можам само да кажам дека тие се несакани и дека нема да ги дозволиме“, порачува Курц во изјава за австриското државно радио „Ое1“.
Австрија пред точно една година усвои закон со кој се овозможува полесна забрана на предизборни настапи на странски политичари на својата територија.







