Носачот на авиони на воената морнарица на САД, „Хари Труман“, заплови во Средоземното море, соопшти американската Воена морнарица.
„Присуството на ударната група на чело со носачот на авиони „Хари Труман“ во овој важен регион покажува посветеност на САД за ‘осигурување на безбедноста, слободата и просперитет на Европа и Африка’“, информира американскиот вицеадмирал Лизи Франкети, командант на 6-та Флота на Воената морнарица стационирана во Неапол.
Командата на морнарица, сепак, не наведува кога носачот на авиони ке тргне кон Персискиот залив, како што било планирано претходно.
На „Хари Труман“ се наоѓаат 90 авиони и хелихоптери. Во негова придружба моментно се наоѓаат четири бродови со 6,5 илјади војници, а уште два ќе им се приклучат во текот на пловидбата.
Носачот на авиони ќе решава борбени задачи во зоната на одговорност на 5-та и 6-та флота на американската морнарица во која влегува и западниот дел од Индискиот океан, Персискиот залив и Средоземното море.
Според проценките на заменикот началник на Главната оперативна управа на Генералштабот на Русија, генерал-потполковникот Виктор Познихир, американскиот „Хари Труман“ ќе вплови во Персискиот залив на полетокот на јули.
САД, Велика Британија и Франција на 14 април со ракети ги нападнаа сириските административни објекти кои, според нивно мислење, се користат за производство на хемиско оружје.







