Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Истраги против Трамп најавија демократите
  • „Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка
  • Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок
  • УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија
  • Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири
  • ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“
  • СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари, зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Во промет влегуваат новите полимерни банкноти од 10 и 50 денари
Економија

Во промет влегуваат новите полимерни банкноти од 10 и 50 денари

мај 15, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од денеска во промет влегуваат новите полимерни банкноти од 10 и 50 денари. Со тоа книжните банкноти од 10 и 50 денари престануваат да бидат законско средства за плаќање и ќе може да се заменат само во комерцијалните банки.

Полимерните банкноти ќе може да се користат за готовински плаќања, како и за плаќања преку автомати за наплата, но откако фирмите што ги инсталираат овие автомати во Република Македонија ќе ги приспособат нивните софтвери за да ги препознаваат карактеристиките и заштитните елементи на полимерните банкноти во апоенска вредност од 10 и 50 денари.

Основната разлика меѓу овие и книжните банкноти од истата апоенска вредност што се повлекуваат од оптек е материјалот што се користи како подлога за печатење ‒ хартијата изработена од памучни влакна се заменува со специјална подлога, супстрат изработен од биаксијално ориентиран полипропилен.

Новите банкноти наместо водениот печат, што сега го содржат книжните, содржат транспарентен прозорец во кој се вградени препознатливи елементи од нивниот оригинален дизајн. Кај апоенот од 10 денари претставен е стилизиран цртеж на паун, додека кај апоенот од 50 денари има приказ на гравура на рановизантиска монета.

Заштитниот конец кај полимерните банкноти ќе се гледа како испрекината линија, со јасно испишан текст „НБРМ“, додека кај книжните банкноти, тој е вткаен во хартијата и под дејство на светлина се гледа како непрекината линија со јасно испишан текст „НБРМ“.

Од НБРМ оценуваат дека ваквите банкноти не се оштетуваат лесно, што не е случај со хартијата и имаат многу подолг век од хартиените.

Анализите покажуваат дека животниот век на банкнотите изработени од полимер е подолг за 2,5 до три пати, а во некои случаи и за четири пати од оној на банкнотите изработени од хартијата во чијашто основа се памучни влакна.

„Полимерните банкноти не може лесно да се скинат при секојдневна употреба, ниту, пак, може лесно да се оштетат при допир со вода, а се и неколкукратно поотпорни на влага во споредба со хартиените. Мошне важно, супстратот од кој се изработуваат полимерните банкноти спречува апсорпција на нечистотија, со што овие банкноти не само што имаат подолг животен век од хартиените, туку се и похигиенски за употреба од страна на граѓаните, посочуваат од НБРМ.

Според НБРМ, покрај долгиот животен век на овие банкноти нивната употреба значи и заштеда на ресурси и средства бидејќи потребата од нови изданија со иста апоенска вредност во иднина ќе биде многу помала.

Полимерните банкноти како заштитен знак можат да содржат и транспарентен прозорец, што не е возможно кај банкнотите од хартија изработена од памучни влакна.

Граѓаните и правните лица доколку поседуваат книжни пари во апоенска вредност од 10 и 50 денари ќе можат бесплатно да ги заменат за други пари или ковани пари во еквивалентен износ. Од 15 мај годинава до 15 мај 2019 година, ќе можат да ја извршат замената во деловните банки во Република Македонија. По 15 мај следната година, замената ќе може да се изврши исклучиво во Народната банка.

Кованите пари во апоенска вредност од 10 и 50 денари и натаму ќе бидат во оптек, односно и натаму се законско средство за плаќање во Република Македонија, поради што за нив не треба да се врши замена за други пари во еквивалентен износ.

„Влегувањето во оптек на полимерните пари во апоенска вредност од 10 и 50 денари на 15 мај годинава е значаен момент во работењето на Народната банка. Република Македонија ќе биде на мапата на државите чијашто централна банка има започнато процес на полимеризација на парите на националната валута. Македонскиот денар ќе се вбројува меѓу валутите чии пари со пониска апоенска вредност, коишто се и најзастапени во одвивањето на готовинските трансакции, се изработени на најсовремен начин и од најсовремен материјал, оценуваат од НБРМ.

НБРМ полимерни банкноти
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

октомври 28, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.