„Грчката јавност вчера го виде договорот кој што го прифати Зоран Заев. Очекувано, бидејќи властите на соседна Република Грција сакаа да се пофалат со триумфот и одбраната на сопствените национални интереси. Истиот договор беше сокриен од граѓаните на Република Македонија.
Зоран Заев го криеше обидувајќи се да купи уште еден ден за медиумите и новинарите под негова контрола да ја убедуваат јавноста дека поразот е победа“ – стои меѓудругото во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата потенцираат дека „Договорот на Зоран Заев за промена на уставното име на Република Македонија претставува капитулација за Македонија“.
„Овој договор е директен удар на темелите на државноста и го поткопува уставниот поредок на Република Македонија.
Цела јавност виде како Зоран Заев од опозиција се колне во сопствените деца и предци дека нема да прифати промена на уставното име. Сега од позиција на власт Зоран Заев без срам го промени неговиот став и прави непроценлива и неповратна штета. Зоран Заев дури и кога се колне во сопствените деца, дрско лаже!“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.







