Најавата за протест пред Собранието на Република Македонија по повод денешната пленарна седница за потребата од ратификација на договорот за името со Грција го зголеми присуството на полицијата вп и околу собраниската зграда.
Во Скопје, пред законодавниот дом, протести имаше и вчеравечер. Но, ниту во неделата вечерта кога беа регистрирани серија инциденти и кога дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата, ниту вчера немаше официјален организатор. Кој е организатор на протестите денеска, исто така, не се знае.







