Делегација на француски политичари, вклучувајќи го и сенаторот, биле уапсени вчера во Турција додека се обидувале да ги набљудуваат изборите во земјата.
„Турските власти сакаат да ја загушат секоја критика за големата измама која се случува на изборите“, се наведува во соопштението на Кумунистичката партија на Франција, и се додава дека меѓу уапсените е и сенаторката Кристина Пруно.
Државната турска агенција Анадолија јави дека биле уапсени 10 Европејци, тројца Французи, тројца Германци и четири Италијани, кои ги набљудувале изборите на југоистокот на Турција, каде претежно живеат Курди.
Главната турска опозициска партија, Републиканската народна партија изрази голема загриженост поради многуте жалби за нерегуларности на изборите.







