Еврокомесарот Јоханес Хан по Советот на министри на ЕУ на кој е одреден условен датум за почеток на преговори со Македонија порача дека оваа одлука значи дека Европската Комисија од утре може да го почне процесот на скрининг.
„Им честитам на граѓаните на идната Северна Македонија за денешните успеси, бидејќи сега е јасно дека ќе ги почнеме преговорите во јуни идната година и како Комисија веднаш можеме да почнеме да ги подготвуваме преговорите почнувајќи од утре, ова е сега јасна перспектива и јасна награда“, вели Хан.
Европската Комисија ќе треба да произведе извештај фокусиран на три главни теми: реформа на јавната администрација, реформа на разузнавачките служби, како и судските реформи и борбата против корупцијата.
Врз основа на овие услови Македонија ќе може да ја одржи меѓувладината конференција до крајот на 2019.







