Судбината на илјадници производители на пченица е доведена во прашање, предупредува опозицијата преку соопштение испратено до јавноста.
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека пазарот е презаситен со српско брашно, а на само недела дена пред жетвата на пченицата се уште нема потврда дали домашните мелничари ќе го откупуваат домашното производство или не.
„Ветувањата што Николовски им ги даде на мелничарите дека проблемите ќе ги реши до 30 јуни и дека ќе ја стабилизира состојбата на жетвата се покажаа како една голема лага. Не само што не се решени проблемите туку мелничарите се заканија дека нема да вршат откуп, а земјоделците ќе нема каде да ја пласираат нивната реколта“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Во прашање е доведена судбината на илјадници производители на пченица, чија примарна дејност е производството на лебно зрно, а земјоделците чекаат конкретни решенија се со цел да им се решат проблемите.







