„Ја научивме лекцијата на Европското првенство во 2016 година, кога бевме фаворити против Велс, па испаднавме, велат репрезентативците на Белгија, кои на хартија имаат најлесен противник во осминафиналето на Мундијалот, екипата на Јапонија, вечерва од 20 часот.
„Сите тогаш не видоа во следното коло, а ние после мечот моравме да ги пакуваме куферите. Тоа не опамети и нема шанси сега да ги потцениме Јапонците. Штом ја поминаа групата значи дека вредат“, истакнува напаѓачот на Белгија, Дрис Мертенс.
Белгија, која ги одмараше најдобрите играчи во третото коло во групата против Англија, два пати во историјата минуваше меѓу осум најдобри репрезентации на светот, во 1986 и во 2014 година, а „самураите“, од друга страна, никогаш не успеале да стигнат до осминафинале.
Состави:
Белгија: Куртоа, Вертонген, Компани, Алдервирелд, Вицел, Де Брујне, Караско, Муније, Мертенс, Азар, Лукаку.
Јапонија: Кавашима, Сакаи, Јошида, Шоџу, Нагатомо, Хасебе, Шибасаки, Харагучи, Кагава, Инуи, Осако.







