Најмалку 11 лица денеска загинаа во експлозија во магацин за пиротехнички материјали во село во државата Телангана во јужниот дел на Индија, соопшти полицијата во Њу Делхи.
На експлозијата и претходел пожар во магацинот.
Комесарот на полицијата изјави дека телата на жртвите изгореле до непрепознатливост.
Пет лица се потешко повредени и тие се префрлени во болница и задржани на лекување.
Причината за несреќата сеуште не е позната.
Во јануари годинава во сличен пожар во фабрика за петарди во Њу Делхи загинаа 17 работници.







