Францускиот министер за надворешни работи Жан Ив Ле Дриан изјави денеска дека е малку веројатно дека евроските сили ќе бидат во можност да состават економски пакет за Иран кој би ја спасил нуклеарната спогодба пред ноември, и истовремено го предупреди Техеран да престане да се заканува со отстапување од своите обврски од таа спогодба.
„Тие мораат да престанат перманентно да се закануваат со прекин на обврските од нуклеарната обврска“, рече Ле Дриан за РТЛ радио непосредно пред пат за Виена на министерскиот состанок за иранската нуклеарна спогодба.
Тој истакна дека, покрај европските сили, и Русија и Кина работат на стварање на финансиски механизам кој би ги ублажил најавените построги американски санкции кон Иран.
„Се обидуваме тоа да го направиме пред воведување на нови санкции на почетокот на август, и после тоа, вториот сет акции во ноември“, посочи Ле Дриан.







