Неделава треба да почне собраниската процедура за избор на новиот состав на Државната изборна комисија, но, се уште е неизвесно дали и кога претседателот на собраниската комисија за избори и именувања Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја закаже седницата, бидејќи претходно најави дека нема да ја закаже додека партиите не се усогласат и не дадат зелено светло. Рокот за формирање на нова Државна изборна комисија истече на 29 јуни.
Новиот состав ќе има шестмесечен мандат и ќе биде задолжен за референдумот, кој премиерот Зоран Заев го најави за крајот на септември или почетокот на октомври годинава.
Огласот за нов состав на ДИК заврши пред две недели, а се пријавија 41 кандидат.
Рокот до кога треба собранието да го избере новиот состав на ДИК е 17 јули.







