Преговорите на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид за транфер на Герет Бејл во Англија напредуваат, пренесуваат британските медиуми.
Преговорите се во напредна фаза, а ако клубовите се договорат, конечната одлука за премин на Олд Трафорд ќе ја донесе самиот фудбалер, објави „Манчестер Ирвинг њуз“.
„Герет ќе разговара со тренерот на Реал, Џулен Лопетеги и ќе видиме што ќе биде“, изјави менаџерот на Бејл, Џонатан Барнет.
Дваесет и осугодишниот Бејл има договор со Реал до 2022 година, но ќе мора да се избори за место во тимот покрај Иско и Марко Асенсио.
Европскиот шампион Реал Мадрид ова лето претрпи големи промени во тимот, затоа што Кристијано Роналдо премина во Јувентус, а тренерот Зинедин Зидан по освојувањето на Лига шампиони го напушти клубот.







