Експлозија предизвикана од лава на хавајскиот Голем остров исфрли растопени карпи во океанот, а една од нив падна на брод со туристи и повреди 23 лица.
Тие се наоѓаа на брод кој носи туристи да видат излевање на лава во океанот од вулканот Килауреа кој е активен во последните два месеца, пренесува АП.
Од американскиот Геолошки институт велат дека до експлозии со различен интензитет доаѓа кога лавата чија температура е 1.093 степени влегува во ладната морска вода, и дека некои од експлозиите можат да бидат толку слаби што и не се гледаат.
Меѓутоа, кога условите се поинакви, посилните експлозии предизвикуваат топење на карпите и нивно исфрлување високо во воздух.
Лавата го пробила покривот на чамецот и на него оставила дупка.
Една девојка (20) се здобила со тешки повреди заради што е заджана во болница, моментно е во тешка здравствена состојба, додека другите 22 туристи имаат изгореници, гребаници и помали повреди.







