Повеќе од 20 американски војници се повредени кога воен хелихоптер при изведување на годишна вежба удри во шатор во американската база во Калифорнија, соопшти денеска американската војска.
Инцидентот се случил кога хелихоптер од типот УХ-60 „Црн сокол“ предизвика рушење на шатор во базата Форт Хантер Лигет во калифорнискиот округ Монтереј, пренесе агенцијата Ројтерс.
Четворица од вкупно 22 колку што побарале лекарска помош се со потешки повреди заради што се задржани во болница.







