Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Премиерот Заев за средбата со Пенс: Остануваме во соработка со САД за остварување на нашата стратешка цел
Македонија

Премиерот Заев за средбата со Пенс: Остануваме во соработка со САД за остварување на нашата стратешка цел

септември 21, 2018Updated:септември 21, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во Вашингтон оствари средба со Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс.

Премиерот Заев, придружуван од Заменик претседателот за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на средба со Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс, и со членовите на неговата делегација, разговараа за актуелни политички прашања од интерес на граѓаните на двете земји.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, по средбата, во амбасадата на Република Македонија во Вашингтон одржа брифинг за новинарите што допатуваа за да ја следат оваа средба, како и со медиумските претставници дописници од Република Македонија што известуваат од Вашингтон и САД.

Средбата со Потпретседателот на Соединетите американски држави Мајкл Пенс, во Белата Куќа во Вашингтон, го направи овој ден посебен за граѓаните на нашата земја, за мене и за Владата на Република Македонија.

Можноста да се сретнеме со Потпретседателот Пенс доаѓа во еден клучен историски момент за нашата земја, кога за десетина дена, нашите граѓани ќе го одредат курсот на Република Македонија кон нејзината иднина во НАТО и ЕУ.

Добивме силна поддршка и охрабрување од него да продолжиме по тој пат. На два пати ги пренесе истите пораки од Претседателот Трамп за покажаното лидерство, за постигнатиот договор, со Грција, за успешен референдум. За нашите идни реформи и за нашето полноправно и заслужено место во НАТО и ЕУ.

Голема инспирација и охрабрување добивме на оваа средба со Потпретседателот Пенс, како и на претходните со Секретарот за Одбрана Матис во Скопје, и со генералот Куртис Скапароти како командант на Командата на американските сили во Европа и на Врховната команда на НАТО за Европа, и на кусата средба со Претседателот Трамп во Брисел.

Со Потпретседателот Пенс разговаравме за нашите активности за спроведување успешен референдум на 30 септември, како чекор кој ќе ни ја потврди иднината во најмоќните сојузи НАТО и ЕУ, и дека повикавме сите политички лидери, вклучувајќи ја и опозицијата, да се вградат во таа иднина.

Разговаравме за напредокот на нашите реформи и за новиот поттик што го правиме за да ги усогласиме со стандардите на НАТО, формирани на вредности што ги прифативме и што ги делиме заедно со нашите партнери во алијансата.

Нагласив дека Република Македонија нема алтернатива за интеграцијата во ЕУ и НАТО. Граѓаните на нашата земја препознаваат дека од нивната одлука на референдумот поканата за НАТО што ја добивме во Брисел, ќе се преточи во протокол за пристапување и со процес за ратификација на нашето пристапување во јануари 2019 година.

Столчето во НАТО, кое значи рамноправно учество во работата на Советот на алијансата и безбедност и стабилност за нашата земја уште на почетокот на идната година, го прифаќаме заедно со одговорностите. Остануваме на нашата заложба да го зголемуваме одбранбениот буџет секоја година за да достигне 2% до 2024 година.

На средбата со Потпретседателот Пенс разговаравме дека дека нашите граѓани знаат дека евро-атлантската иднина, освен консолидација на политичките реформи, ќе донесе и економски раст, кој сакаме да го делиме и заеднички да го остваруваме и со сите наши соседи.

Поттикнати од успехот на договорот со Грција, го зајакнавме повикот до лидерите во регионот да се обединат за заедничките цели: одржлив мир, економски развој, регионална соработка и интеграција во ЕУ, како гаранции за стабилна превенција од инволвирање на трети страни во регионот.

Охрабрени и инспирирани од средбата со Потпретседателот Пенс, остануваме во тесна соработка со САД во исполнувањето на нашата стратешка цел, да ги консолидираме евроатлантските структури за мир, стабилност и просперитет на сите нации кои се дел од истото семејство.

Го поканивме, и добивме ветување, дека ќе направи сѐ што може следната година во нашата земја заедно да го прославиме членството на Република Македонија во НАТО.

актуелно Грција ЕУ Заев македонија НАТО пенс САД
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.