Јавното обвинителство на Република Македонија формираше Привремена комисија која ќе ги следи евентуалните противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот.
Во Комисијата членуваат по еден јавен обвинител од четирите Виши јавни обвинителства и еден обвинител на ОЈО Скопје, изјави денеска јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, додавајќи дека со тоа се покрива целата територија на државата.
„Дадени се задолженија на денот на гласањето покрај редовните да има и дополнителни дежурства, со цел навремено делување ако има евентуални кривични дела, нагласи Бајрами.
Тој рече дека е воспоставена комуникација со сите обвинителства и со припадниците на МВР, кои ќе бидат на терен и ако има некое кривично дело да ги известат за да можат да делуваат навремено да собираат докази.
Целта на ЈОРМ е на овој начин да се потенцира борбата против кривичните дела поврзани со изборниот процес и гласањето и да се даде поголем придонес кон нивно сузбивање и превенирање.
Во таа насока,Јавното обвинителство на Република Македонија, преку Привремената комисија за следење на евентуални противправности ја повикува јавноста, граѓанските организации, други организации, политички партии, домашни и меѓународни институции и сите кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со организизирањето и спроведувањето на референдумот, да достават поднесок/пријава до Комисијата на електронската адреса: referendum@jorm.gov.mk.
„асега атмосферата е мирна. Се надеваме дека како што привршува кампањата во ваква атмосфера ќе се спроведе и референдумот-истакна Бајрами.
Тој нагласи дека до Обвинителството досега има една пријава поднесена од политичка партија, и истата е проследена до ЈО Куманово.
Пријавата е за кривично дело „поткуп при избори“, додаде Бајрами.







