Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Иванов во ОН: На 30 септември нема да излезам да гласам
Македонија

Иванов во ОН: На 30 септември нема да излезам да гласам

септември 27, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации им порача на македонските граѓани дека гласањето на референдумот е нивно право, а не обврска.

„Во согласност со Член 7, став 3 од Законот за референдум, „никој не може да биде повикан на одговорност за гласање, односно негласање на референдум.“ Секој граѓанин има право да одлучи како ќе постапува во однос на овој референдум, да излезе и да гласа, или, пак да не излезе и да бојкотира, рече шефот на државата.

Потсети дека изминатите неколку недели Република Македонија ја посетиле повеќе високи странски претставници и рече оти е свесен дека многумина од нив искрено сакаат да и помогнат на земјата да стане дел од Европската Унија и НАТО.

„И од срце им благодарам за нивните добри намери. Но, се плашам дека и тие биле доведени во заблуда. Нивната порака е дека ако референдумот не успее и ако Преспанската спогодба не се прифати, тогаш не треба да се надеваме на членство во НАТО и во Европската Унија. А јас ги прашувам – ако ни ја земете надежта, што ќе ни остане? Помогнете ни со тоа што ќе го деблокирате процесот за членство на Република Македонија во НАТО и во Европската Унија без да го кршите правото на самоопределување, истакна Иванов.

Истакна дека многумина од нив ги убедувале македонските граѓани. – Многумина од нив ги убедуваат македонските граѓани да ја прифатат грчката спогодба. Нив ги прашувам, дали тие би прифатиле да го дерогираат право на самоопределување на нивните сопствени народи и држави? Дали тие би прифатиле мешање во нивните внатрешни работи, нарушување на сувереноста и политичката независност? Зошто тогаш од нас се бара да прифатиме нешто што никој во светот не би го прифатил? Не не убедувајте да јадеме од овој отровен плод. Крајно време е отровното стебло, сосе неговиот отровен плод, да бидат отстранети, истакна тој во својот говор.

Според него како што референдумот на 8 Септември 1991 довел до сувереност и независност, „така овој референдум на 30 септември може да доведе во состојба на потчитеност и зависност спрема друга држава“.

„Ако овој референдум биде успешен во согласност со законот, тогаш не само што се менува името на постојната држава, туку се создава нова, полусуверена држава, со ново име и нов внатрешно-правен и меѓународно-правен идентитет. Ќе бидеме држава само по име, но не и по суштина, бидејќи друг ќе ни го регулира начинот на живот. Но, доколку овој референдум не е успешен, тогаш се отвора нова можност. Можност да разговараме и да ги разгледаме новите опции за решавање на прашањето во согласност со меѓународното право, преку почитување на нашето фундаментално право на самоопределување. Да го обновиме националниот консензус што го постигнавме на почетокот на независноста, истакна Иванов во својот говор во ОН.

Потсети дека тој како граѓанин веќе ја донел својата одлука.

„На 30 септември нема да излезам да гласам. Верувам дека и вие, моите сограѓани ќе донесете мудра одлука. Истовремено, ви се обраќам вам, претставниците на државите-членки на Обединетите нации. Овој ирационален спор има штетни последици по Република Македонија и нејзините граѓани. Поради грчките блокади, нам ни се одзеде правото на просперитет. Сето тоа, за жал, се одразува на одржливоста на македонското мултиетничко, мултирелигиско и мултијазично општество. Општество кое изминативе 27 години активно придонесува за мирот, стабилноста и безбедноста во регионот и Европа, истакна Иванов.

Додаде дека позицијата на официјална Атина не само што е спротивна на меѓународното право и на одлуката на македонските граѓани, таа е спротивна и на волјата на речиси 140 држави-членки на Обединетите нации кои на Република Македонија и го признаваат фундаменталното право на самоопределување и и се обраќаат под нејзиното уставно име.

Како претседател на Македонија тој ги повика сите држави кои веќе ја признале Република Македонија и воспоставиле дипломатски односи под нејзиното уставно име да не ги менуваат своите одлуки.

„Покажете ја својата сувереност со тоа што ќе останете доследни на сопствените принципиелни одлуки што сте ги донеле без притисоци. Помогнете ни со тоа што ќе бидете чувари на нашето право на самоопределување, чувајќи го со тоа и вашето право на самоопределување, додаде Иванов.

Рече дека отсекогаш се залагал и суштински придонесувал за градење вистинско и трајно партнерство меѓу Република Македонија и Грција и пријателство и доверба меѓу македонското и грчкото општество.

„ Но ако единствениот начин да се задоволат ирационалните барања на грчката страна е со наметнати мерки кон македонската страна, она што добиваме се односи без доверба. Овој договор не ги приближува, туку ги оддалечува македонскиот и грчкиот народ. Грчкото и македонското општество треба да научат како заеднички да живеат и покрај нивните најдлабоки разлики. За да имаме вистински, траен и одржлив договор, потребен ни е дијалог наместо монолог, аргументирано убедување, наместо присилно наметнување, взаемно почитување, наместо негирање, додаде тој.

Во својот говор тој посочи дека единствена вистина е дека „ние сме Македонци и нашата држава е Република Македонија. И почитувајќи ја таа единствена вистина за нашиот идентитет, вие го почитувате нашето човечко достоинство кое е дел од темелот на слободата, правдата и мирот во светот“.

„Но, во оваа заедница на правно еднаквите, Република Македонија беше примена како помалку од еднаква, со дерогиран правен персоналитет и со повредено право на самоопределување. Денес, 25 години подоцна, процесот на разговори во Обединетите нации треба да заврши со донесувањето на Конечната спогодба од Преспа за која некои тврдат дека треба да стави крај на спорот за името со Грција и да го отвори патот за членство на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, додаде тој.

При приемот на Република Македонија во Обединетите нации, рече Иванов, е прекршено правото на самоопределување.

„Времената и Преспанската спогодба се донесени за да се оправда тоа кршење. Мора да знаете дека текстот на таа Преспанска спогодба е изготвен без мое знаење и без моја согласност како Претседател на Република Македонија. Спогодбата повредува одредба од внатрешното право од фундаментално значење. Кажано со други зборови, јазолот што започна да се заплеткува со Резолуциите 817 и 845 и со Времената спогодба, сега, со Преспанскиот договор стана јамка за бесење. Од Република Македонија сега се бара да изврши правно и историско самоубиство, за да може правното укинувањето на македонскиот народ да се протолкува како негова сопствена волја. Се прашувам што зборува ова за глобалното лидерство и споделената одговорност на Обединетите нации?, наведе тој во говорот.

Истакна дека Грција инсистира наметнатото име, а со тоа, как што рече и на кршењето на правото на самоопределување да има дејство ерга омнес.

„Правото на самоопределување значи дека само нацијата има право на одлучување за својата судбина, дека никој не е овластен насилно да интервенира во нејзиниот живот, да ги руши нејзините школи и други институции, да спроведува насилство над нејзините обичаи и навики, да го сотира нејзиниот јазик или да ѝ ги забранува нејзините права. Правото на самоопределување значи дека нацијата може да го уреди својот живот во согласност со сопствената волја. Таа има право автономно да го уредува својот живот. Има право на целосна сецесија (отцепување). Нациите се суверени и сите се еднакви, наведе Иванов во Генералното собрание на ОН.

Како што истакна, од правото на самоопределување извира и правото на народот да го одбере своето име и името на државата што ја создал.

„Правото на избор на име е нераздвоен дел од правото на самоопределување. Само почитувајќи го правото на самоопределување, ОН се релевантни за сите народи. Како народ, името Македонци го носиме со векови, а како држава 74 години, уште пред воопшто да постојат Обединетите нации. Нашата приврзаност кон тоа име ја потврдивме и кога пред 27 години го искористивме правото на самоопределување и прогласивме независна и суверена Република Македонија, рече Иванов.

Посочи дека „Грција со Конечната спогодба од Преспа ни наметнува ново име и бара истото да се применува erga omnes – и за меѓународна и за домашна употреба“.

„Предвидено е да го промениме Уставот, при што Грција би била конечниот авторитет што ќе ги одобрува уставните измени. Преку оваа спогодба Грција ќе добие постојан надзор за тоа како ние ќе се именуваме себе си, но и како вие, државите-членки на ОН ќе ни се обраќате нам. Грција се овластува да ги преименува нашите институции, да ја цензурира содржината на учебниците на нашите деца, да го спречува правото на граѓаните да го изразуваат својот македонски идентитет. Се регулира именувањето на нашиот македонски јазик. Еден многу важен дел од нашиот начин на живот ќе зависи од волјата на Грција. Тоа е цензура на светот и автоцензура на колективната свест на македонскиот народ. Тоа е насилство врз нашата историска меморија. Во архивите на ОН постојат илјадници страници документи и сведоштва за тоа што Грчката држава им правела на Македонците во Грција. Сега, со Преспанската спогодба грчката држава сака да им го направи истото и на Македонците во Република Македонија. Целта е употребата на името Македонци да ја ограничи на најмалиот можен простор – а тоа е просторот меѓу нашите две уши, држејќи ја притоа нашата уста затворена. Тоа е флагрантно кршење на правото на самоопределување, посочи Иванов во ОН.

Претседателот на Република Македонија наведува дека Спогодбата е „штетен компромис направен врз основа на Времената спогодба од 1995 година“.

„Во време кога бевме меѓународно изолирани, Времената спогодба постигната под покровителство на Обединетите нации требаше да биде гаранција дека Грција нема да го блокира нашето интегрирање во меѓународните организации. Но, и тука има сериозен проблем. Никој не може да пренесе на друг повеќе права отколку што самиот ги има. А сепак, со Член 5 од Времената спогодба од 1995 година и процесот воден во Обединетите нации на Грција и се дозволи да преговара со Република Македонија околу нејзиното име. Тоа е кршење на правото на самоопределување, рече претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање во Генералното собрание на ОН.

ЕУ иванов македонија НАТО ОН
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Наскоро следува продолжен викенд

октомври 15, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.