Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски во посета на Полициското одделение Галате
Во Фокусот

Спасовски во посета на Полициското одделение Галате

октомври 10, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Продолжуваме со подобрување на условите за работа на полициските службеници затоа што само со овозможување на подобри услови можеме да имаме и подобри резултати во работењето, а тоа значи и подобра безбедност за граѓаните, рече министерот Оливер Спасовски по денешната посета на  реконструираниот објект на Полициското одделение Галате, гостиварско, кој е уште еден во низата реконструирани објекти во периодот од јуни 2017 година до сега.

Во јуни минатата година затекнавме полициски станици кои беа во загрижувачка состојба, во кои полициските службеници работеа во субстандардни услови и веднаш преземавме активности за да ја поправиме состојбата односно да обезбедиме соодветни услови за работа, нагласи Спасовски.

Сега вработените во ПО Галате ќе работат во реконструиран објект чија што реконструкција и санација е изведена со средства од буџетот на министерството. Целосно е реконструирана кровната конструкција, санитарните јазли, сменети се вратите и прозорците, санирани се подовите со плочки и ламинат, обновен е дел од фасадата… Вредноста на сите тие зафати е околу 2.400.000 денари.

Вакви реконструктивни и санациски работи се во тек на изведба и за објектите на ПО Зајас, полицискиот објект на Солунска глава, објектот на ПС Кичево, но и објектите на СВР Велес и на СВР Битола. И сето тоа согласно направените проценки за приоритет на стручните служби при министерството и следствено предвидената динамика според која работите на сите овие објекти треба да бидат завршени во текот на наредниве месец до два.

„И во наредниот период ќе продолжиме со активности за подобрување на условите за работа на македонската полиција. Свесни пред се за фактот дека само од подготвена, добро опремена и професионално обучена полиција може да се очекуваат поголема ефикасност, квалитет и резултати во работењето- рече Спасовски.

На средбата со раководството на СВР Тетово беше потенцирано дека безбедносната состојба во овој регион е стабилна. Во последниот период видливи се резултатите во борбата против недозволената трговија со дрога, како и при акциските контроли по угостителските објекти, санкционирањето на прекршоците во сообраќајот итн.

актуелно битола велес СВР Спасовски тетово
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.