Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Со темелни социјални реформи, работиме на намалување на сиромаштијата
Економија

Со темелни социјални реформи, работиме на намалување на сиромаштијата

октомври 26, 2018Updated:октомври 26, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерството за труд и социјална политика подготви темелна реформа на социјалниот систем и детската заштита. На овој начин нудиме ефикасни и долгорочни решенија и се бориме со сиромаштијата во Македонија. Државниот завод за статистика, денеска ги објави податоците од Лаекен анкетата според кои стапката на сиромашни лица во Република Македонија во 2017 година изнесувала 22,2 %, а како основа за пресметките на сиромаштијата се користени приходите од 2016 година. Ова е уште еден показател за неопходноста од итни промени на погубните политики на претходната власт и  доказ дека социјалните реформи што ги прави оваа Влада се во вистинска насока.

Со новите реформи кои стартуваат од почетокот на идната година социјалната помош се зголемува за 300%, односно 70% од корисниците ќе добиваат повисока социјална помош. Воведуваме гарантираната минимална помош и неколку нови надоместоци, но истовремено градиме способна и продуктивна работна сила, преку преквалификација на лицата кои се невработени. На овој начин директно им помагаме да се вработат, односно им овозможуваме трајно решение и можност да се извлечат над линијата на сиромаштија.

Исто така го отвораме социјалниот систем и за лицата со ниски примања, што не беше случајот досега. Конкретно, го олеснуваме пристапот до надоместокот, на дополнителни 11.000 домаќинства, но и на постојаните 24.000 домаќинства кои во моментот се приматели на социјална помош. Според новиот социјален систем, правото на детскиот додаток за првпат е достапно за домаќинствата со ниски примања.  Така, бројот на деца корисници на детски додаток во 2018 година е 3.200, а се предвидува истиот да порасне на 73.500. Дополнително, бројот на корисници на образовен надоместок се предвидува да порасне од 3.800 на 64.316 деца.

Со реформите во социјалнот систем и детската заштита поттикнуваме крупни општествени промени, чии резултати ќе придонесат за зголемување на стандардот и квалитетот на живот на нашите граѓани. Се грижиме за секое дете и работиме посветено да обезбедени поволни услови за раст и развој на младите. Дополнително, оваа Влада го решава проблемот со стечајните работници. Со последните законски измени околу 8.100 стечајни работници ќе добиваат месечен надоместок во висина од 7.596 денари до пензионирање.

Анкетата за приходи и услови за живеење Државниот завод за статистика ја спроведува во согласност со препораките на Европската унија. Според истата анкета објавена лани, стапката на сиромаштија во 2016 година изнесувала 21,9 %, а како основа за пресметка се користеле податоците за приходите од 2015 година.

актуелно граѓани ЕУ МТСП реформи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.