Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Македонија и Косово потпишаа Меморандум за јакнење на соработката во граничното интегрирано управување
Во Фокусот

Македонија и Косово потпишаа Меморандум за јакнење на соработката во граничното интегрирано управување

ноември 7, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Побрза размена на информации за проток на патници и стоки преку граничните премини, борба против корупцијата и борба против тероризмот, е целта на Меморандумот за зајакнување на соработката во областа на граничното интегрирано управување, што денеска го потпишаа националните координатори за гранично управување на Македонија и Косово, Владимир Пивоваров и Иса Џемајлај.

„Денеска потпишуваме Меморандум за соработка меѓу националните координативни центри меѓу Македонија и Косово, што во суштина ќе овозможи побрза размена на информации за побрз проток на патници и стоки преку граничните премини, борба против корупцијата и борба против тероризмот. Тоа се трите основни работи кои треба да имаат позитивен бенефит од овој договор, рече Пивоваров.

Според него, со брзата размена на информации она што досега претставувало проблем ќе биде надминато, пред се во побрзиот проток на патници и стоки, со што на граѓаните, особено на бизнис заедницата, и од Македонија и од Косово, ќе им се овозможи поголем промет и профит.

Рече дека со Косово веќе имале соработка на овој план изминатово лето, кога имало технички проблеми во сообраќајот на косовска страна, но благодарение на оперативните служби во Македонија и во Косово, пред се на царината и полицијата, овој проблем беше надминат и воопшто не дошло до застој на размена на стоки и услуги меѓу Македонија и Косово.

„Со овој протокол покажуваме и еден пат кон Европа ова е и поттик за сите земји во регионот, подобро да соработуваат со доверба меѓу двете страни со цел да ја постигнеме заедничката цел, рече Пивоваров.

Во однос на вчерашната одлука на Влада кога е усвоена потреба од заедничко гранично управување со Србија, и дали е предвидено тоа да се направи и со други држави, Пивоваров рече дека побрзиот проток на стоки и патници е заложба на сите земји во регионот, не само на Македонија.

„Ова е интенција што Македонија прва ја почна во регионот за побрз проток на патници и стоки, што во периодот што измина беше сериозен проблем. Околу милијарда долари економиите на Балканот губат годишно заради слабиот проток на стоки. Затоа првиот проект е почнат со Албанија и со Србија, се очекува вистински побрз проток во рамки на „one stop shop“ проектот и институциите од Македонија и Србија се овластени да потпшат договори од областите во кои имаат заеднички интерес, посочи Пивоваров.

Џемајлај рече дека со потпишувањето на Меморандумот се олеснува размената на стоки и услуги меѓу Македонија и Косово.

Рече дека ова е втора негова средба со македонскиот колега, на која денеска беше потпишан овој документ.

На потпишувањето на меморандумот, како што рече Џемајлај, претходеле соодветни активности во министерствата за внатрешни работи и во царините на двете држави, и пред се со него во иднина ќе се унапреди соработката во борбата против организираниот криминал, но ќе биде олеснето и движењето на граѓаните меѓу двете земји.

актуелно албанија балкан Европа македонија србија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.