Од СЈО соопштија дека побегнатиот поранешен премиер Никола Груевски не располага со пари и со имот на свое име, а празни му се и банкарските сметки кои би можеле да бидат замрзнати поради неговото бегство во Унгарија.
Сепак, тој добива плата како пратеник во Собранието, иако денеска му беше намалена поради неоправдано отсуство на собраниските седници.
Додека беше на власт „сиромашниот“ премиер, се претпоставува дека тој и неговите соработници одлеале од државава милионски суми на девизи.
Груевски во Унгарија првата ноќ по доаѓањето отседна во луксузниот хотел „Коринтија“ во центарот на градот.







