Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Берлин: Не може да се преговара за предлог-договорот за Брегзит
СВЕТ

Берлин: Не може да се преговара за предлог-договорот за Брегзит

ноември 19, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На Велика Британија треба да и биде јасно дека не може одново да се преговара за усогласениот предлог-договор за Брегзит, изјави денеска во Брисел германскиот државен министер за европски прашања Михаел Рот.

„Не може да се постигне подобар договор од овој кој сега е на маса, истакна Рот.

Пораката од Берлин доаѓа во време кога британската премиерка Тереза Меј се обидува да обезбеди поддршка за усвојување на предлог-договорот во Долниот дом на Парламентот во Лондон.

Поддршката на договорот од страна на пратениците во Вестминстер е неизвесна, од прични што критики за содржината на текстот упатуваат и тврдокорните поддржувачи на Брегзитот, но и оние кои се залагаат за одржување на блиски врски на Велика Британија со Унијата.

Неколкумина министри во британската Влада минатата недела поднесоа оставки на функциите незадоволни со содржината на предлог-договорот, а има и најави од страна на тврдокорните приврзаници на Брегзит во редовите на владејачката Конзервативна партија за покренување иницијатива за сменана Меј.

Предлог-договорот за Брегзит беше постигнат во средата на преговорите меѓу претставниците на Велика Британија и ЕУ. Договорот доби поддршка од британската Влада, по што сега останува за него да се произнесе Парламентот во Лондон, како и земјите членки на ЕУ, кои начелно го поддржаа договорениот текст.

Со него се предвидува Велика Британија во Буџетот на ЕУ да ги уплати обврските за кои се изјаснила во рамки на институциите на Унијата и е утврден преден рок по Брегзит во траење од 21 месец, односно до 31 декември 2020 година.

Избегнато е воведувањето на царински  и гранични контроли на границата меѓу Ирска и Велика Британија, со тоа што британската покраина Северна Ирска ќе остане дел од европската царинска унија.

оговорот предвидува дражавјаните на земјите членки на ЕУ што живеат во Велика Британија, како и Британците населени во државите на Унијата, да ги имаат сегашните права се додека се живи, вклучително и правата на социјални надоместоци и за покана на членовите на нивните семејства да се преселат да живеат со нив.

Почитувањето на обврските од договорот ќе биде под контрола на Судот на ЕУ.

Предвидено е како анекс на договорот да се додаде изјава за идните односи, во која ќе се нагласи дека Велика Британија и ЕУ неможат меѓусебно да си воведуваат царини и квоти за увоз и дека ќе продолжи тесната соработка на безбедносните служби на двете страни.

британија ЕУ Ирска лондон
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.