Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој го засолни експремиерот Никола Груевски и му даде азил, нема многу пријатели, особено не затоа што отворено им се спротивставува на колегите во Европа.
Но, многумина знаат за неговата блискост со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Нивната блискост беше изненадувачка за светската јавност особено што Орбан и Унгарија се синоним за антисметиската политика. Токму Орбан ја почна злогласната кампања против Џорџ Сорос, еверејски милијардер од унгарско потекло.
Сепак работите не излегоа така како што семислеше. Во јули годинава, Орбан беше во Израел, а Нетанјаху го угости со високи почести.
Дури рече дека Орбан е вистински пријател на Израел.







