Давид Де Хеа, голманот на Манчестер јунајтед, би требало на лето да го засили Пари Сен Жермен, денес ексклузивно објави „Дејли мејл“.
Англискиот весник наведува дека Шпанецот ќе стане еден од најплатените голмани на светот, а дека ПСЖ, за да не го пробие буџетот и не го загрози финансискиот фер-плеј, ќе го продаде Едисон Кавани или Нејмар.







