Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров: Членството во НАТО е гаранција за македонските граници
Македонија

Димитров: Членството во НАТО е гаранција за македонските граници

декември 5, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за надворешни работи Никола Димитров по средбите во НАТО Алијансата порача дека се очекува Македонија да стане полноправна членка на пролет 2020 и дека членството ќе значи гаранција за нејзините сегашни граници.

„Од 1993  кажавме дека сакаме да бидеме дел од НАТО, со првата декларација од Собранието на РМ, требаше да влеземе во 2008.  Поминаа 10 години. Конечно го отстранивме проблемот и ја надминуваме разликата со Грција околу името, и тоа е важно за Македонија, за Алијансата и за регионот, изјави Димитров.

За нас членството во НАТО значи дека Македонија е тука да остане, во овие граници, додаде министерот.

Тој денеска учествуваше на сесијата на НАТО за мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан во рамките на која Македонија испраќа свои сили. Министерот информираше дека остварил девет билатерални средби со земји членки на Алијансата на маргините на дводневниот министерски состанок. Меѓу нив се Франција, Унгарија, Грција, Норвешка, Литванија и други.

Претпладнето земјите членки на НАТО, во присуство на високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, одржаа состанок посветен на Западниот Балкан, на кој станало збор за Македонија, но и за Србија, Босна и Херцеговина и Косово.

Македонија, според дипломатите во НАТО, е „успешната приказна“ во регионот, и доколку процесот околу Преспанскиот договор се одвива непречено, се очекува земјата да стане триесетта членка на Алијансата во 2020.

„Планот е штом процесот кај нас заврши, да се финализира пристапниот протокол, кој заедно со Договорот од Преспа ќе оди на ратификација во парламентот во Атина. Потоа зависи од останатите парламенти од другите земји членки кога ќе се формализира нашето членство, тоа најверојатно ќе се заклучи некаде напролет 2020, изјави Димитров, охрабрен, како што рече, од средбите во НАТО.

На новинарско прашање за можни сомнежи на земјите членки за состојбата со владеењето на правото во земјата, министерот за надворешни ги отфрли овие критики.

„Доверба во владеењето на правото во Македонија, е порака што ја добивам од повеќе главни градови последниве недели, така што во таа смисла тука немаме проблем, вели шефот на македонската дипломатија.

Димитров изјави дека пораката на литванскиот министер била дека „многу долго чекавте, не се работи за симпатии, членството ви е одработено и заработено, ги исполнувате критериумите, го споделувате товарот“.

Слични пораки министерот добил од другите европски престолнини.

Димитров попладнево заминува на средби во Европската Унија, со еврокомесарот Јоханес Хан и високата претставничка Федерика Могерини.

актуелно Алијанса димитров ЕУ македонија НАТО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.