Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Комеморативна седница во Охрид по повод смртта на градоначалникот Јован Стојаноски
Хроника

Комеморативна седница во Охрид по повод смртта на градоначалникот Јован Стојаноски

декември 17, 2018Updated:декември 17, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Членовите на најтесното семејство, роднини, соработници, колеги, пријатели денеска се простија од ненадејно починатиот градоначалник на Охрид, проф. д-р. Јован Стојаноски. Големата сала на Оштина Охрид беше претесна да ги прими сите што дојдоа на Комеморативната седница свикана во знак на сеќавање на градоначалникот Стојаноски.

Од прерано починатиот Јован прв се збогуваше премиерот Зоран Заев, кој истакна дека ненадејната смрт на Стојаноски е загуба за академската заедница, за државата, за партијата СДСМ и за Општина Охрид.

„Низ годините зад нас Јован даде огромен придонес со своето посветено работење, остави траги и предизвикуваше почит што секогаш ќе се паметат. Тој беше колега, пријател и голем професионалец. Како градоначалник беше посветен на својата визија Охрид да биде вистинска европска, културна и туристичка престолнина. Беше препознаван како човек пријател, сограѓанин со топла и непосредна природа, отворен за разговор за секој личен проблем, за секоја иницијатива и предлог почитуваше и разбираше. Неговите постапки и однесувања со одмереност, ненаметливост и внимателност ги споделуваше со сите со кои соработуваше или се среќаваше. Тие вредности правеа од секој негов колега, соработник, пријател и од сите сограѓани во градот и пошироката заедница да му возвражаат на ист начин – со длабока почит, рече меѓу другото Заев.

Во име на Собранието на Република Македонија од Стојаноски се збогуваше пратеникот на СДСМ од Охрид, Томислав Тунтев.

„Секогаш сум подготвен да држам говори од говорница, но не за вакво нешто. Бавењето со политика знае да биде благородно и неблагородно, убаво и грдо, лесно и тешко, возвишено и разочарувачко, благодарно и неблагорадно, ценето и омаловажувачко. Но знам дека политиката ми даде добар, искрен и пожртвуван пријател, рече меѓу другото Тунтев кој пренесе и дел од неговите лични сеќавања за убавите мигови минати со Стојаноски.

Обраќања пред присутните на комеморацијата имаа уште и секретарот на општината, Игор Бежоски и претседателката на Советот на Општина Охрид,  Живка Ангелоска, кои пренесоа дел од она што сега починатиот Стојаноски планирал да го направи за градот за време на неговиот градоначалнички мандат.

Посебно емотивни беа обраќањата на синот Димитар и братот Стојмир кои покрај неизмерната болка за личната загуба се обидоа на јавноста да пренесат дел од огромната љубов што нивниот татко и брат ја имаше кон градот Охрид.

Комеморативната седница започна точно во 10 часот, а ја означија сирените од бродовите и пловилата на охридската флотила, во чест на починатиот градоначалник Стојаноски.

Инаку, претходно комеморативна седница се одржана и во Факултетот за туризам и угостителство каде Стојаноски  го мина својот професионален животен ангажман како редовен професор

Посмртните останки на Јован Стојаноски од 12 до 14 часот ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Охрид каде и ќе биде неговото вечно почивалиште.

актуелно градоначалник комеморација охрид
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.