Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ќе се истражуваат тврдењата на Бејли, Камчев и Панделевски заминаа во домашен притвор
Истраги

Ќе се истражуваат тврдењата на Бејли, Камчев и Панделевски заминаа во домашен притвор

декември 28, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ќе се активира Судскиот совет за да го истражи тврдењето на американскиот амбасадор Џес Бејли дека судии се повикувале на него, кога носеле одлуки за притвори или пресуди на лица против кои се водат судски процеси.

Премиерот Зоран  Заев вчера од собраниската говорница каде се одржуваше седница за пратенички прашања истакна дека на министерката за правда Рената Дескоска ќи и даде инструкции да го активира Судскиот совет да го истражи ова прашање.

„Судскиот совет сигурно ќе донесе одлука. Ако имало таква работа, да се посочи и да се понесе одговорност. Ако немало, САД да бидат на чисто, преку својот прв репрезент, американскиот амбасадор, бидејќи кога зборува амбасадорот, зборува земјата. Тоа е доволен сигнал да преземеме одредени дејствија и анализи за да видиме што е во суштина причината да дојде до такво писмо, рече Заев.

Тој веќе му наложил на неговиот советник за надворешна политика Дане Талески да контактира со заменик американскиот амбасадор.

Јавноста ја разбранува и веста што ја објавија некои од медиумите дека Владата во договор со опозицијата планира измени на Кривичниот законик со кои би се намалиле казните на некои од осомничените за кои во моментов се водат случаи. Владата тврди дека нема да има нова амнестија преку измена на Кривичниот законик, но во меѓувреме измените со кои се намалуваат затворските казни поминаа во собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Бејли испрати писмо до претседателот на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев, во кое бара судии да не ја посочуваат Амбасадата на САД за одговорна за одлуките што тие ги носат за притворите и пресудите.

-Во изминативе седмици, на моите колеги и мене во повеќе наврати ни беше кажано дека судии, наводно, припишувале одлуки донесени во тековни судски предмети, истраги и притвори на „инструкции од Американците“. Ништо не би можело да биде подалеку од вистината. Соединетите Држави поддржуваат и се залагаат за независност на македонското судство. Ние веруваме дека судиите треба да носат одлуки врз основа на важечките закони и дозволени докази, а не врз основа на какви било политички проценки или интервенциии од некоја политичка или владина личност. Тоа е наша конзистентна порака, јавно и приватно, вели тој во писмото.

Бејли во писмото со датум од 18 декември вели дека програмите на САД за обука и менторство биле дизајнирани за да ги унапредат професионалните вештини и отпорност на македонските судии со цел тие да можат да издржат надворешен притисок и да носат независни, издржани одлуки. Нагласува дека каква било сугестија дека САД сакаат да управуваат со некоја судска разрешница е лажна.

-Длабоко сум вознемирен од ваквите постојани лажни гласини, со оглед на нашата посветеност за независно судство. Со цел да помогнете да се разобличат ваквите лажни наводи, Ве молам да ја споделите содржината на ова писмо со Вашите колеги судии со цел тие да се уверат дека нашата позиција е и ќе остане иста, а тоа е дека тие се независни во применувањето на законот и дека ништо друго освен фактите и законот не треба да влијае на нивните одлуки, се наведува во писмото на Бејли до Џолев.

актуелно Бејли истражувања тврдења
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.