Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров: Грција со поголема самодоверба ќе биде резултатот на заокружување на целиот процес со Преспанскиот договор
Македонија

Димитров: Грција со поголема самодоверба ќе биде резултатот на заокружување на целиот процес со Преспанскиот договор

јануари 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Грција со поголема самодоверба на меѓународната сцена ќе биде резултатот на целосното прифаќање на Договорот од Преспа од грчка страна, земјата со тоа ќе ја зајакне својата позиција во регионот и пошироко, истакна шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Четири се мотивите на македонската страна за решавање на ова прашање, посочи Димитров во емисијата Топ-тема на Телма. Тоа се отворање на вратите за напредок на земјата, влезот во НАТО и ЕУ, унапредување на пријателските односи со Грција и затворање на идентитетските прашања.

Димитров нагласува дека со вториот мотив, пред се со влезот во НАТО, Македонија ја преминува линијата и понатаму нема да се прашуваме што ќе биде со земјата во услови на сеуште нерешени прашања на Балканот.

Нагласува дека македонската страна прави повеќе со овој Договор, ја додава географската одредница северна на името, но сепак сето тоа е исплатливо во една подолгорочна перспектива.

Од грчка страна, вели Димитров, мотивите не се толку директни, во смисла на ЕУ и НАТО интеграција.

„Но Грција со решавање на ова прашање се враќа како голем играч на Балканот, си прави еден голем пријател и сосед, има еден елемент што покажува поголема самодоверба. Оваа политика на Ципрас е Грција е поширока самодоверба, додава тој.

Во врска со опстанокот на договорот по доаѓање на други политички гарнитури во двете земји, Димитров вели двете земји ќе имаат меѓународно правни обврски Договорот да биде на сила. Нагласи дека сега е важно да се инвестира енергија во развојот на новите односи што ги овозможува договорот, напоменувајќи дека голем дел од него е посветен токму на развивањето на стратешкото партнерство во различни области меѓу двете земји

„Да направиме со правилна политика да стане политички неисплатливо да се вратиме на тоа што се случувало пред Договорот, да направиме тешко да биде враќањето назад, тоа да нема резон и тука ќе треба многу работа, истакна шефот на македонската дипломатија.

Вели дека задачата на оваа генерација е да се стави крај на овој спор, конечно да се реши прашањето.

„Ние можеме да решиме да се мразиме, но можеме и како една нова генерација малку пореално и поотворено да ги гледаме работите и да работиме на подобрување. Ова е една многу благородна мисија. Полесниот пат е да продолжиме да се мразиме. Сто пријатели се малку, ама и еден непријател е многу. Немаме време веќе на Балканот да се живее по стариот концепт, бидејќи светот е разнишан, Европа си е зафатена, беа во тешка криза во делот на финансиите. За нас е добро Грција да биде просперитетна како наш сосед, рече министерот за надворешни работи.

Во врска со тврдењето на лидерот на Независни Грци, Панос Каменос дека Преспанскиот договор е почеток на нови балкански војни, Димитров нагласи дека со ратификацијата во грчкиот Парламент доаѓа и Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. –И формално-правно ќе станеме сојузници едни со други, оној кој ќе ја чепне Грција не чепка и нас, оној кој ќе не чепне нас ја чепка и Грција, што е основата на членот пет од Вашингтонскиот договор, истакна македонскиот министер за надворешни работи.

Ратификацијата во грчкиот Парламент е претпоследна фаза во процесот, вели Димитров, потоа следува ратификацијата на Протоколот.

„Процесот заминува во Брисел каде Грција и останатите 28 земји-членки ќе го потпишат Претпристапниот протокол, потоа ќе се врати назад во Атина за ратификација. Се менува Вашингтонскиот договор се прави место за нас како земја-членка и согласно тоа одлуката за уставните амандмани влегуваат во сила во нашиот домашен правен систем. Разменуваме ноти со грчкото МНР. Ги информираме ОН, земјите-членки билатерално ги информираме, појаснува Димитров.

Нагласува дека во однос на новите документи има преоден рок во Договорот, наречен согласно разумните административни практики. За документите кои се користат меѓународно вкупниот рок е пет години, за домашните документи ќе се менуваат со отворањето на соодветното поглавје во преговорите со ЕУ.

актуелно Грција Договор преспа ратификација резултат
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.