Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Галовеј: Лондон е силен поддржувач на Македонија за НАТО
Македонија

Галовеј: Лондон е силен поддржувач на Македонија за НАТО

февруари 5, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Британскиот амбасадор во НАТО има инструкции од владата во Лондон да го потпише протоколот за пристапување на Македонија во Алијансата, по што документот ќе биде даден на увид во парламентот,  во рок од 21 ден. Во неколкуте месеци што следат фокусот треба да биде ставен на спроведување на реформите, не само заради барањата од ЕУ, туку и заради очекувањата на луѓето во Македонија. Без разлика дали ќе има избори или не, работата треба да продолжи, а изборите не треба да се користат како изговор да не се напредува во работата.

Ова го изјавува британската амбасадорка во Република Македонија, Рејчел Галовеј, во интервју за ТВ КЛАН М и меѓу другото додава дека нејзината земја е силен поддржувач на членството на Македонија во НАТО. Според неа, потребно е време за луѓето да сфатат кои се ефектите за нив и што значи ова за иднината на Македонија, откако ќе се зачлени во НАТО, како се реформира за да ги постигне европските стандарди, какви придобивки ќе донесе тоа во животот на луѓето, дека зачленувањето во ЕУ не е само формална работа, туку тоа значи реформи за подобрување на животот.

„Во изминатите години многу соработувавме со Македонија во областа на одбраната, вклучително и нашето заедничко учество во Авганистан, до неодамна. Мислам дека тоа е клучната работа кога имате повеќе членки. Армиите стануваат интероперативни, работиме заеднички, а во исто време се соочуваме и со заедничките закани на поефикасен начин. Сето тоа го зајакнува НАТО, вели Галовеј А посочувајќи дека и доколку Велика Британија излезе од ЕУ ќе остане посветена на развој на Западен Балкан.

Во Македонија, подвлекува, ќе ги помага реформите во повеќе области, меѓу кои и на јавната администрација.

„Клучот е во професионализацијата на јавната администрација и тоа на секое ниво. Од тоа како се вработуваат луѓето, како ги задржуваат работните места. Откако ќе се промени политичката гарнитура, по избори, администрацијата да остане. Во британскиот систем нема промени во администрацијата, кога се менува владата. Промените се на врвот, министрите може да донесат еден или двајца специјални советници, но освен тоа нема други промени. Не ги менуваме амбасадорите, или персоналот во амбасадите. Во Македонија почнува една голема реформа на јавната администрација, но ќе треба доста време за луѓето да ги видат резултатите, појаснува Амбасадорката Галовеј.

Во однос на честите реакции од Русија во кои се доведува во прашање легитимноста на Преспанскиот договор со Грција, Галовеј истакнува дека Македонија е суверена земја и се изјасни дека ја гледа својата  иднина како дел од НАТО и затоа, подвлекува во интервјуто, ние даваме силна поддршка и ќе продолжиме со тоа и во други мултилатерални форуми.

„Единствената улога на ОН околу Преспанскиот договор е да го прими до знаење. Очекуваме да биде приложен во ОН, но не за дискусија или одобрување. Како постојана членка на Советот за безбедност ние ќе бидеме јасни по ова прашање, изјави во интервјуто Галовеј.

Амбасадорката Галовеј посочува дека смелоста на лидерите за постигнување на Преспанскиот договор треба да послужи како пример за решавање на спорот меѓу Белград и Приштина :

Во интервјуто за ТВ КЛАН Македонија, амбасадорката Галовеј изразува надеж дека може да се реши покренатото барање за признавање на македонските возачки дозволи во Велика Британија, но не навестува промени во визниот режим меѓу двете земји.

актуелно галовеј лондон македонија НАТО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.