Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев-Крстиќевиќ: Добредојде за Македонија во НАТО и поддршка во јуни да ги почне преговорите со ЕУ
Македонија

Заев-Крстиќевиќ: Добредојде за Македонија во НАТО и поддршка во јуни да ги почне преговорите со ЕУ

февруари 5, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска сретна со Дамир Крстиќевиќ, потпретседател на Владата на Република Хрватска и министер за одбрана.

На средбата е пренесена поддршка од хрватската Влада за интеграцијата на Република Македонија во НАТО, со најава дека Хрватска ќе го потпише протоколот за членство на нашата држава во Алијансата и е изразено добредојде за нашата земја во семејството на НАТО. Исто така, најавена е и поддршка од Хрватска, за Република Македонија во јуни да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Пренесени се честитки до премиерот Заев, од хрватскиот колега премиерот Андреј Пленковиќ и од Владата во Хрватска, за постигнатиот Договор во Преспа, како победнички билатерален договор, но и за регионот и за Европа. Оценето е дека договорот е пример и за меѓународната заедница, како се решаваат сложени отворени прашања. Во таа насока, поздравени се политиките на премиерот Заев, со коишто се смета дека ја понел на себе одговорноста за иднината на нашата земја која наскоро ќе го носи името Република Северна Македонија.

Претседателот на Владата, Заев се заблагодари за големата и континуирана поддршка што ја имаме од Хрватска и најави дека нашата држава е подготвена да ги земе предвид сите позитивни искуства од Хрватска, како во делот на одбраната, така и во сите други области за коишто ќе се појави потреба со отворањето на поглавјата за преговори со ЕУ.

„Живееме историски моменти“, оцени премиерот Заев пред утрешното потпишување на Република Македонија и земјите членки на НАТО, на протоколот за пристапување на земјава во Алијансата.

Претседателот на Владата, Заев рече дека за нашата држава, како и за регионот и за земјите членки, НАТО значи стабилност, сигурност и безбедност и дека очекува тоа да ги отвори економските перспективи на државата.

„Ги правиме и сите неопходни реформи во безбедносните служби, во борбата против корупцијата, во правосудниот систем, јавната администрација и очекуваме и Европскиот совет во јуни да донесе позитивна одлука и да ги отвориме поглавјата. Овој тренд на позитивни промени, фокусирани сме да повлече и бројни инвестиции, што ќе придонесе во квалитетот на живот на граѓаните, како и за задржување на младите, како моторна сила, во државата“, рече премиерот Заев.

На средбата е заеднички констатирано дека Република Македонија и Република Хрватска се две пријателски земји, без отворени билатерални прашања и дека сите актуелни позитивни процеси отвораат големи можности за развој на меѓусебната економската соработка.

актуелно добредојде македонија НАТО поддршка хрватска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.