Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Лоазо: Посветете се на реформите, имате поддршка од Франција
Македонија

Лоазо: Посветете се на реформите, имате поддршка од Франција

февруари 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Франција го потпиша протоколот за НАТО и се радува што ќе бидеме сојузници во рамките на Северноатлантската Алијанса. Што се однесува до ЕУ пристапните преговори со Северна Македонија ќе се отворат откако земјата ќе ги исполни сите критериуми. Европската Унија пак, од своја страна, ќе треба прво да ги реализира неопходните реформи за нејзино реформирање пред да се случи ново проширување, вели во интервју француската министерка за европски прашања Натали Лоазо.

„Франција отсекогаш ја поддржувала Република Северна Македонија, а сега посакува повеќе од кога и да било да ја види зајакната и интегрирана во регион на мир и на развој. Последните две години Скопје направи извонреден напредок за регионалното помирување и благодарение на храбрите одлуки за кои знаеме дека беа болни, се надмина историскиот спор со Грција. Оваа храбра одлука, Договорот од Преспа, овозможи да се потпише протоколот за членство во НАТО и претставува огромен напредок за безбедноста на Северна Македонија. Франција го потпиша истиот и се радува што ќе бидеме сојузници во рамките на Северноатлантската Алијанса. Што се однесува до приближувањето на Северна Македонија кон Европската Унија: пристапните преговори ќе се отворат откако Северна Македонија ќе ги исполни сите критериуми. Европската Унија пак, од своја страна, ќе треба прво да ги реализира неопходните реформи за нејзино реформирање пред да се случи ново проширување, нагласува министерката Лоазо.

Во пресрет на нејзината посета на Скопје, запрашана дали успешната реализација на Преспанскиот договор ќе биде доволна да ги започнеме преговорите со Европската унија, Лоазо е децидна дека приближувањето кон ЕУ наложува други критериуми, но и додава дека за тоа прашање ќе се разговара на самитот на ЕУ во јуни кога се очекува ЕК да го објави извештајот за земјата.

Таа посакува ратификацијата на Пристапниот протокол за НАТО да се случи што поскоро, но тоа, вели, зависи од Парламентот на Франција.

„Посакуваме ратификувањето да се случи колку што е можно побрзо и за таа тема сме во контакт со француското Собрание. Воопшто не е едноставно имајќи го во предвид големиот број на внатрешни реформи за кои ние во моментот дискутираме и се на дневен ред. Во текот на посетата ме придружуваат двајца пратеници кои се пријатели на вашата земја и убедена сум дека тие ќе ги најдат соодветните аргументи да ги убедат своите колеги дека Република Северна Македонија заслужува да го добие тој знак на охрабрување и пријателство од наша страна, нагласува француската министерка.

Во делот на реформите, Лоазо најавува дека во следниот период ќе продолжи француската поддршка за Академијата за судии и јавни обвинители, за постигнување на ефикасна и независна администрација, а меѓу другото посакуваат зголемување на активностите на РИКО, организација основана со поддршка на Франција и на Германија на самитот во Париз за Западен Балкан во 2016 година, која предвидува реализација на проекти и движење на младите во регионот.

актуелно македонија поддршка реформи Франција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.