Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шекеринска-Џачка: Сојузништвото во НАТО ќе значи и побезбеден регион
Македонија

Шекеринска-Џачка: Сојузништвото во НАТО ќе значи и побезбеден регион

февруари 25, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Република Северна Македонија и Република Албанија се цврсто насочени кон подобрување на меѓусебната соработка и во областа на одбраната. Со членството на Северна Македонија во НАТО регионот станува многу побезбеден и постабилен, а иднината заедно ја гледаме со повеќе оптимизам. Сепак, има уште многу работа за да ги европеизираме нашите земји и да ги оствариме нашите стратешки цели за членство во ЕУ.

Ова е заедничката констатација од денешната прес-конференција на министерките за одбрана на Северна Македонија и на Албанија, Радмила Шекеринска и Олта Џачка, која престојува во официјална посета на Министерството за одбрана.

Според Шекеринска, Албанија отсекогаш била добар сосед и пријател, но почнувајќи од оваа година, рече, очекуваме да биде и наш сојузник и партнер како дел од НАТО.

„Оваа година и изминатата не само зборовите, туку и делата покажаа дека нашите две земји се вистински пријатели, знаат во најважните моменти да си дадат целосна поддршка, изјави Шекеринска нагласувајќи дека на 14-ти февруари Албанија како трета земја, по Грција и по Словенија го ратификуваше пристапниот Протокол за членство во НАТО. Фактот дека првите наши соседи – Грција, Албанија, Бугарија и Словенија први го ратификуваа Протоколот за членство во НАТО, потенцира таа, покажа дека НАТО  вредностите се и наши вредности, знаеме да соработуваме, да се почитуваме и да си даваме поддршка.

„Членството во НАТО го заслуживме и го сработивме, но факт е дека тука Република Северна Македонија не запира. НАТО го гледаме како шанса за подобар живот на сите граѓани, за подобра економија и како шанса за подобри институции, изјави министерката Шекеринска.

Наведе дека во последните истражувања на принципите на транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки, МО е оценето како институција која забалежува најбрз напредок во последната година односно успеа да се пласира во првите три по транспарентност, отчетност и интегриотет во делот на јавните набавки. Покажуваме на овој начин, исткана Шекеринска, дека не очекуваме членството во НАТО да ги подигне страндардите, туку само да ни помогне во нашата клучна политика како државата да ја направиме подобра.

Информира дека припадниците на АРМ ќе бидат дел од мултунационалната вежба што годинава ќе се одржи во Албанија, а ќе учествуваат и во иницијативата Јадранска соработка – САД, со која ќе претседава Албанија. Во рамки на оваа иницијатива, информира Шекеринска, ќе соработуваме преку заедничко учество во мисијата „Одлучна поддршка во Авганистан“.

„Стабилноста и безбедноста на Република Северна Македонија, Албанија ја гледа како како главен услов за безбедност на целиот регион, изјави меѓу другото министерката за одбрана Џачка.

Изрази задоволство за, како што рече, западната визија што кулминираше со потпишување на Преспанскиот догвор и го истакна задоволството за храброста, во текот на делкатните ситуации  за договорот со Грција, но, подвлече и за Законот за употреба на јазикот, како важни одлуки кои бараат храброст и добро лидрерство.

„Создадени се услови и добра клима за имплементација на Охридскиот договор, како еден од главните услови за имнтеграција на вашата земја во евроатлантските структури, за што ќе  ја добие нашата поддршка, рече Џачка.

Албанската министерка за одбрана оцени дека и во двете земји има сили кои за свои тесни интереси се подготвени да ја загрозат стабилноста и европската интеграција

Инаку, по церемонијата за пречек пред Министерството за одбрана, Шекеринска и Џачка имаа тет-а-тет средба, по што се сретнаа и со премиерот Зоран Заев.

Министерката за одбрана на Албанија, Џачка ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.

актуелно албанија македонија НАТО сојузништво
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.