Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Градови во кои најдобро ќе се живее во 2019 година
Автор

Градови во кои најдобро ќе се живее во 2019 година

март 18, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Тајм аут индекс во соработка со компанијата „Тејпстру рисрч“ спроведе истражување за најдобар град за живеење врз основа на одговорите на 34.000 анонимни жители од целиот свет, на кои им се поставени прашања за задоволството за живот во нивните градови, вклучувајќи ги цената и квалитетот на храната, пијалакот, културниот и ноќниот живот, соседството и чувството на задоволство и среќа.

Во истражувањето била вклучена и глобална мрежа на уредници и туристички експерти, а се оценувале, исто така, и пристапноста, убавината и организацијата на живот.

Лисабон, Португалија – Португалскиот главен град има добра храна и убаво време, а неговите жители се насмеани, отворени и пријателски ориентирани.

Буенос Аирес, Аргентина – Ноќниот живот во овој град е најдобар на светот, што му овозможува да се најде меѓу првите дваесет на оваа листа.

Барселона, Шпанија – Богатството од културна и гастрономска понуда на овој преубав град е она што го издвојува од останатите градови во светот. Филаделфија, САД – Можеби овој град не е најпопуларен меѓу туристите, но неговата гастрономска понуда спаѓа меѓу најдобрите во светот.

Манчестер, Велика Британија – Градот во северниот дел на Англија доби висока оценка благодарејќи на одличниот ноќен живот и исклучителната пица, иако неговите жители пијат алкохол повеќе отколку жителите на другите градови. Поради тоа ја имаат титулата за „најмамурливи“ жители на светот.

Мексико Сити, Мексико – Иако не е најбезбедно место на светот, жителите на Мексико Сити високо го оценуваат својот град поради кулинарската и културната сцена.

Лас Вегас, САД – Овој град не е популарен само поради лудите момчешки ноќи и брзите свадби, туку и поради познатите стриптиз-клубови, кои го прават еден од најзабавните на светот.

Кејп Таун, Јужна Африка – За повеќето е синоним за сафари, но за жителите на тој град е многу повеќе од тоа бидејќи има да понуди добар избор на храна и динамичен живот.

Мадрид, Шпанија – Шпанската престолнина е светски лидер кога се во прашање клубовите, баровите и пиењето добро пиво. Неговите жители спаѓаат меѓу најрелаксираните луѓе на светот. Токио, Јапонија – Многумина го сметаат за најубав град во Азија и повеќето луѓе низ светот би сакале да го посетат во 2019 година Париз, Франција – Според истражувањето, жителите на Париз имаат повеќе секс од кој било друг гард и најмногу посетуваат музеи и галерии.

Глазгов, Шкотска – Тој е можеби мал и дождлив град, но неговите жители затоа и го сакаат многу. Му даваат висока оценка поради љубезноста на неговите жители, поради музиката, добрите ноќни клубови и одличната храна.

Берлин, Германија – Импресивни 84 отсто од жителите на Берлин сметаат дека градската сцена е неверојатна, а висока оценка добил и за инклузивност, креативност и прифатливост.

Монтреал, Канада – Разновидноста, динамичноста и креативноста се она што е најдобро во Монтреал, а тој воедно е и град со второ најкратко работно време во светот.

Лондон, Велика Британија – Само шест отсто од граѓаните на Лондон изјавиле дека се чувствуваат небезбедно, а речиси 80 проценти одговориле дека се среќни. Тие нагласиле дека тоа е еден од најдинамичните, најразновидните и најкреативните градови на светот.

Чикаго, САД – Градот на Средниот Запад се најде на оваа листа благодарејќи на одличната понуда на храна и пијалаци, а повеќето негови жители се сметаат за многу среќни бидејќи живеат во него.

Мелбурн, Австралија – Има повеќе простори за жива музика по жител од каде било на друго место. Музичката сцена во Мелбурн е повеќе од успешна: дури 25 отсто од жителите редовно одат на музички концерти.

Тие се воедно и втори најсреќни луѓе на светот, а градот е втора најкреативна метропола на светот.

Њујорк, САД – Севкупен победник е Њујорк. Тој е светски град број еден за култура, втор по квалитет на храна и трет по квалитет на пијалаци. Неговите жители спаѓаат меѓу најсреќните на светот.

градови живеење најдобри
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Њујорк тајмс“ ги избра најдобрите серии на 21 век

септември 29, 2026

Метеоролошката служба на Велика Британија предупреди дека феноменот Ел Нињо веројатно ќе биде најсилниот во поновата историја

август 27, 2026

СДСМ: По седум градови, отровна вода и во Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

јули 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.