Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: Благодетите од Договорот со Грција веќе се чувствуваат во Гевгелија
Македонија

Пендаровски: Благодетите од Договорот со Грција веќе се чувствуваат во Гевгелија

април 19, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Никогаш не сум имал сомнеж дека овој град знае да го избере вистинскиот пат. Вие сте гранична општина и многу добро знаете која ни е вистинската европска порта кон развиениот свет, рече претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски вечерва на отворената трибина во Гевгелија.

„Првите благодети што ги направивме со Договорот со Грција ќе се почувствуваат и веќе се чувствуваат одовде, од Гевгелија, затоа што вие знаете кое пристаниште ни е најблиску, и кој пат е најкус до Европа за разлика од жителите на другите градови кои, за жал, тоа не го знаеја оти над една деценија живеевме во темнината што ја продуцираше режимот на Груевски и фамилијата, рече Пендаровски.

Според податоците на Светска банка, потенцираше Пендаровски, во таа деценија во најголемата пљачка на народното богатство од земјата се изнесени пет милијарди евра, додека за кусиот период откако ја добивме поканата за членство во НАТО во Северна Македонија стигнаа инвестиции од 625 милиони евра.

„Затоа сметам дека на 21 април и на 5 мај во суштина имате една многу лесна обврска оти не гласате за имиња, туку на гласачкото ливче имате контраст и концепт кој ја носи земјава кон Европа, концепт кој не носи во развиениот свет и втора варијанта што ја предлага опозицијата со коалициските партнери кои во суштина сакаат да се вратиме назад во таа деценија на еден долг мрачен транзициски тунел, време во кое имаше живот само за нив, а ние не бевме броени ни дали сме живи, рече Пендаровски.

Од пред година и половина новата власт од која сум и јас дел ги отвори вратите на Европа со тоа што реши да се помири со своите комшии и резултатите ги видовме кога минатата година по долго чекање од четврт век конечно добивме покана за членство во НАТО.

„Тоа е значајно зашто ниедна држава претходно се нема развиено економски ако немала мир и безбедност. Со оваа покана ние за првпат во нашата историја имаме меѓународна гаранција за нашите граници и имаме потврда дека нашиот територијален интегритет не смее да биде чепнат од никого, додаде Пендаровски.

Ако нема мир, рече Пендаровски, нема и развој, а за два месеца отсега очекуваме во јуни да добиеме и датум за преговори со Европската Унија и на тој начин ќе ги отвориме европските фондови во делот на инфраструктурата, образованието, здравството, субвенциите во земјоделството и Фондот за младите кои својата шанса ќе ја добиваат овде наместо да се иселуваат и да ја бараат по белиот свет.

„Во Договорот што го потпишавме со Грција се вели дека Северна Македонија ќе има право на приоритет на Солунското пристаниште трансверзала на патот кон Европа, а со тоа ќе ви се отвори и огромно поле во сферата на економската соработка.

„Бројот не сум го менувал пет години. Бројот 3 беше 2014 година кога бевме морални победници, бројот 3 е и сега кога мораме да бидеме и реални победници. Чекам убави вести од вашиот град и на 21 април и на 5 мај, рече претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски и ги повика гевгеличани масовно да излезат на избори и да му дадат целосна поддршка на патот на заедничкиот прогрес.

 

актуелно благодети Гевгелија Грција пендаровски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.