Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“
  • Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто
  • ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ
  • СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0
  • Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО
  • ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон
  • ЕК за средбата меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен: Беше спонтана, кратка и ненајавена
  • Крмов: Ќе почекаме до понеделник дали ќе се обнови дијалогот за Изборниот законик, па ќе поднесеме измени за укинување на платеното политичко рекламирање
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ССМ го одбележа 1 Мај – нов закон за работни односи прилагоден на европското и светско трудово законодавство
Македонија

ССМ го одбележа 1 Мај – нов закон за работни односи прилагоден на европското и светско трудово законодавство

мај 1, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во годината во која се одвиваат активности за изготвување нов закон за работни односи Сојузот на синдикатите на Македонија очекува да биде стожер на неговото креирање во насока на негово прилагодување на европското и светското трудово законодавство.

Ова денеска го истакна претседателот на ССМ, Дарко Димовски, читајќи го првомајскиот проглас на протестниот марш што во организација на овој синдикат се одржа почнувајќи од пред зградата на синдикатот, пред Собранието, а потоа неговите учесници дојдоа пред Владата каде имаа средба со премиерот Зоран Заев, на која ги изнесоа своите барања.

„Евроатлантските интеграции на Работно-правното законодавство во државата не смеат да резултираат со рестрикции на работничките права. Напротив Синдикатот очекува нивното унапредување и осовременување со крајна цел обезбедување достоинството на трудот на работникот, рече Димовски.

ССМ понудиле текст на нов закон за работни односи и очекуваат истиот да биде сериозно разгледан од нивните социјални партнери. Тие се залагаат за поголеми инвестиции, подобри економски политики и обезбедување на правото за работа за сите, креирање реални и одржливи работни места, повеќе работни места за жените, младите и лицата со попреченост, сигурност на работните места и договори за вработување на неопределено време. Меѓу барањата е и минимална плата од најмалку 13.800 денари, стабилен пензиски систем – стоп за зголемување на границата за пензионирање, зголемување на испратнините при отказ од деловни причини на 12 плати, право на регрес за годишен одмор за сите вработени. Синдикалците денеска упатија и барање за еднаквост и рамноправност на жените, стоп за мобинг и дискриминација, заштита на мајчинството и зголемување на правото на породилно отсуство на 12 месеци, како и воведување на правото на татковство.

Димовски рече дека посочените барања на ССМ се прогресивни, развојни и мотивирачки и додаде дека тие, како и предлог-текстот на новиот закон за работни односи се дадени до Владата и сега таа е на потег.

„Први мај – Меѓународниот ден на трудот ќе го искористиме за уште еднаш да ги изразиме нашите ставови и барања во врска со работничките права за кои сметаме и тврдиме дека им припаѓаат на работниците затоа што се работи за основни и најзначајни човекови права заштитени со националниот Устав и со законите, но и со европските и меѓународните стандарди на трудот, се наведува во прогласот што го прочита Димовски. Додаде дека остро го осудуваат секој обид да бидат ставени на маргините на општеството и да се одлучува за нивната положба и права без нивно учество.

Маршот ССМ секоја година традиционално го организира за да го одбележи Меѓународниот ден на трудот, а оваа година се одржа под мотото „Не може да се ослучува за нас, без нас“.

актуелно закон македонија работни односи Синдикат ССМ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.