„Северна Македонија е најпозитивен пример во регионот. Земјата испорача резултати, особено во областите што беа едногласно препорачани минатиот јуни од Советот на ЕУ. Земјата ја исполни амбициозната агенда и го постигна историскиот договор со Грција, истакна еврокомесарот Јоханес Хан на прес-конференцијата во
Брисел, објавувајќи ја безусловната препорака на ЕК за почеток на пристапните преговори со земјава.
„Беа спроведени и потребните уставни промени поврзани со Преспанскиот договор што беше прифатено од Грција со давање согласност за отпочнување на пристапните преговори за членство во НАТО. Со Договорот од Преспа како и со Договорот за добрососедство со Бугарија, земјата стана пример за помирување и воспоставување доброседски односи во регионот. Северна Македонија сега е единствената земја во регионот која нема никаков билатарелен конфликт со нејзините соседи и тоа е нешто што треба да се нагласи, рече Хан.
Во однос на спроведените реформи, Хан го посочи напредокот во зацрствувањето на независноста на судството, формирањето на Антикорупциската комисија, реформите во јавната администрација…
„Претседателските избори беа спроведени фер и демократски, обновени се владеењето на правото и демократијата во земјата, рече еврокомесарот Јоханес Хан.
Линк до извештајот на ЕК за Северна
Македонија: https://ec.europa.eu/neighbourhoodenlargement/sites/near/files/20190529-north-macedonia-report.pdf







