Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Бенефитите од членството во НАТО веќе се видливи
Македонија

Заев: Бенефитите од членството во НАТО веќе се видливи

јуни 3, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Одржувањето на денешниот состанок на Северноатланскиот совет на НАТО во Скопје е најсилната политичка потврда за нашето извесно полноправно членство во Алијансата. Република Северна Македонија ќе биде 30-та земја членка на НАТО, потенцира премиерот Зоран Заев во обраќањето пред почетокот на состанокот на Североноатлантскиот совет со кој претседава генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Ова е реализација на напорите и на стремежите на сите генерации политичари од различни политички партии и на сите граѓани од нашата земја од независноста до денес, нагласи Заев.

Ова е резултат, подвлече, на неуморната работа на нашите институции, на професионалците од одбраната и безбедноста, но и на сите други институции од државата.

„Членството во НАТО за нас значи мир и стабилност и е најсилна гаранција за нашата безбедност. Веруваме дека тоа ќе донесе подобар живот за нашите граѓани, како на политички, така и на економски план, рече Заев.

Додаде дека резултатите се веќе видливи, откако е добиена поканата за членство во Алијансата. Бруто домашниот производ пораснал за 5,5 проценти, невработеноста е намалена за 7,5 проценти, индустријата бележи пораст од 8,8 проценти, а платите пораснале за 6,1 процент.  Странските инвестиции, според Заев, постигнале нов рекорд во државата од 625 милиони евра или трипати поголем од просекот во последните осум години, а двојно поголем од најдобрата година досега.

„Секогаш постоел широк натпартиски и меѓуетнички консензус за нашето членство во НАТО. Тоа беше една од нашите идеи и водилки и кога ни беше најтешко. Тоа ни беше мотивација за да се соочиме со тешката безбедносна криза во 2001 година и со тешката политичка криза пред само две години и сите кризи да ги поминеме по мирен пат, на демократски начин и пат на дијалог, кажа Заев и додаде дека успеваме да ја обновиме нашата демократија, да ја ослободивме заробената држава и да ги вратиме демократските начела кои се темелот на НАТО како што се владеењето на правото, професионалните и независни институции и слободни медуми.

Осврнувајќи се на решавањето на отворените прашања со Грција и Договорот со Бугарија, Заев потенцира дека нашата земја придонесува да се промени политичката динамика во целиот регион.

„Работиме да создадеме нов Балкан на 21 век, регион што ќе биде синоним за мир, развој и економски просперитет, регион каде добрососедските односи и блиската регионална соработка ќе бидат основен стандард за секојдневно функционерирање, рече Заев и најави дека во иднина ќе соработуваме со нашите соседи во рамки на НАТО како блиски сојузници или во одржување  и унапредување на нивната соработка со Алијансата. Веруваме, подвлече Заев, и ја поддржуваме политиката на отворени врати на Алијансата.

Премиерот најави дека нашата земја е подготвена до 2024 година да го постигне стандардот од два проценти од БДП за одбраната, со зголемување секоја година за 0,2 проценти. Според него, земјава е подготвена да го носи, као што рече, товарот на обврските од членството во НАТО и да се соочи со сите предизвици на тој пат. Најави дека ќе се зголеми учеството во мировните мисии во НАТО и во фондовите кои помагаат во зачувување на мирот и демократијата во земјите како во Ирак и Авганистан.

„Може да сметате на нашата лојална поддршка во борбата против ИСИС и ДАЕШ, им порача Заев на генералниот секретар Стотелберг и на амбасадорите на 29-те земји во НАТО.  Меѓу другото, Заев упати порака дека нашата земја ги прифаќа и доследно ги почитува трите столба и обврски на НАТО – пари, способност и придонес.

Потсети дека членството во НАТО е наша стратешка одлука верификувана со Резолуција на Собранието едногласано усвоена 1993 година.

актуелно Заев НАТО членство
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.