„За разлика и од многумина „помлади“ од него, коишто би уживале во пензијата, 100-годишниот милијардер Чанг Јун Чунг и по 80 години работен стаж, и натаму сака да оди на работа.
За највозрасниот милијардер на светот, основачот на компанијата „Пасифик интернејшнал лајнс“ (ПИЛ) седењето дома не е опција. Иако позицијата директор веќе му ја препушти на својот син Тео Сионг Сенг, овој стогодишен Сингапурец и натаму настојува да доаѓа на работа секој ден.
„Тоа е моја навика. Ја посетувам фирмата секодневно и го проверувам секој отсек… И, секој ден ги запишувам сите свои активности во дневник.
Едноставно, не можам да бидам дома, тоа е многу здодевно, изјави Чунг.
ПИЛ е основана 1967 година, а денес има скоро 18.000 вработени.
„Во секоја работа, особено оние со бродови, наидувате на разни проблеми – политички, технички, несреќи… Да се остане смирен и да се заборави на темпераментот во работата е најважно, а тоа е она што го научив од својот татко и сè уште учам од него, вели син му Сенг.
Чунг пак, нагласува дека само доброто ментално здравје го правело среќен сиве овие години.
„Никогаш не ги губам нервите. Не можам јас тоа. Кога губите нерви, едноставно не можете да се контролирате, истакна Чунг.







