Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Скопје очекува датум за преговори, предупредува на последиците од одлагањето
Македонија

Скопје очекува датум за преговори, предупредува на последиците од одлагањето

јуни 6, 2019Updated:јуни 6, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Северна Македонија очекува на министерскиот совет на ЕУ во јуни да и биде доделен датумот за почеток на преговори, со или без Албанија, а секакво одлагање на оваа одлука би донело политичка нестабилност, порача премиерот Зоран Заев по дводневната посета на Брисел.

Заев заедно со владината делегација последниве два дена оствари средба со претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан и шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини.

На средбата со Јункер македонскиот премиер добил уверување од Европската Комисија дека шансите за датум за преговори се големи за јули месец, додека пак на јунскиот министерски состанок на ЕУ ќе се одржи само дебата по ова прашање, пред сѐ поради тоа што Германија најверојатно до тогаш нема да има време да ја одобри одлуката во својот парламент.

„Романското претседателство го стави ова прашање на агендата на Советот на општи работи во јуни за прва дебата, намерата на Европската Комисија е да стори сѐ за да има дефинитивна конечна одлука на лето, изјави Јункер во понеделникот.

Владини извори за МИА велат дека добиле охрабрувачки пораки од шефот на Европската Комисија за време на состанокот дека може да се очекува Северна Македонија да го добие датумот за старт на преговорите со ЕУ во текот на јули.

Македонската страна стравува дека поради послабото ниво на подготвеност на Албанија и резервите на земјите членки, Северна Македонија би можела да стане заложник на групниот пристап на Европската Комисија, и да не добие датум ова лето.

Меѓу опциите што се разгледуваат е и можно одлагање на одлуката за двете земји во октомври.

Премиерот Заев вчера ги предупреди земјите членки и институциите на ЕУ дека ваквото сценарио би значело политичка нестабилност во земјата, а не се исклучени ниту предвремени избори кои би ги засилите националистичките и популистичките снаги во Северна Македонија. Заев додаде дека Македонија направила сѐ што е побарано од неа, и дека неиспорачувањето од страна на Европската Унија во најбрз можен рок го става во опасност кредибилитет на Унијата на Балканот.

Според премиерот во овој момент најголем кочничар е германскиот парламент кој стравува од закани од албанската страна во случај да не се донесе одлуката во ЕУ за двете земји заедно.

За секоја одлука која се однесува на проширувањето на ЕУ, Бундестагот е обврзан да даде претходно зелено светло. Следниот рок за одобрување на одлуката од страна на Берлин е 28 јуни, по што министрите на ЕУ би можеле да го одредат конечниот датум во втората половина на јули, кога повторно ќе се состанат во Брисел.

Повторно одлагање, рече Заев, го зголемува ризикот за владата.

„Бундестагот мора да испрати порака, ако не донесат одлука оваа на седницата неделава, најверојатно имаат шанса за тоа на крајот на јуни, ако не го сторат тоа, тогаш останува за Советот на ЕУ во октомври, што значи дека Бундестагот би гласал во септември. И тогаш постои ризик да го изгубиме мнозинството во Собранието, затоа што навистина сѐ дадовме, рече премиерот Зоран Заев.

Сценаријата за претстојните министерски состаноци на ЕУ, рече Заев, се отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија во најдобар случај, неотворање на преговорите со ниту една од овие земји, што е најлоша варијанта, или отворање на преговорите со Македонија и одлагање на одлуката за Албанија за подоцна.

Премиерот нагласи дека Холандија и Франција имаат поголеми резерви кон отворањето на преговорите со Албанија, но и дека Германците стравуваат од закани од албанска страна дека тоа би довело до нестабилност во регионот, посебно на Косово.

„Тие мислат дека ако отворат преговори со Северна Македонија, ќе се создаде проблем ако се остави Албанија и дека тоа би можело да има влијание врз Косово, тие стравуваат од закани од мојот пријател Еди Рама, за можни промени на границите или спојување со Косово, но јас не верувам во тие работи затоа што тоа ќе значи назадување од најмалку десет години за Албанија ако направат такво нешто, никој не сака такво нешто да прави, порача македонскиот премиер пред странските медиуми.

актуелно берлин ЕУ Заев очекувања преговори скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.