Јавната недоверба на вакцините значи дека светот се враќа чекор назад во борбата против смртоносните инфективни болести, предупредуваат експертите.Најголемата глобална студија за ставовите за имунизација „Уелкам траст“ сугерира дека довербата во вакцините е значително ниска во некои региони, додека Светската здравствена организација ги набројува ваквите загрижености како една од првите 10 закани за глобалното здравје.
Во студијата се посочува дека земји кои биле блиску до целосно елиминирање на малите сипаници сега се соочуваат со епидемии на болеста со пораст на морбилите во речиси секој регион ос светот и 30% повеќе случаи во 2017 отколку во 2016 година.







