Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Отворено 10. издание на „MакеДокс“
Култура

Отворено 10. издание на „MакеДокс“

август 22, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со изложбата „Временска машина Македокс“ и прикажување на филмовите „Мизерикоридија“ на шпанскиот режисер Хавиер Марадес и „И се стана песна“ на британскиот режисер Шејмус Марфи, синоќа во Куршумли-ан беше отворено 10. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“.

Првата вечер на фестивалот „МакеДокс“ беше посветена на ентузијастичката екипа која веќе десет години го свива своето гнездо во Куршумли-ан, неуморно ги толкува слоевите на кромидот низ синеастички вибрации и верува дека филмската уметност навистина може да го промени светот кон подобро.

Посвета беше дадена и на неодамна починатиот професор Стефан Сидовски, кој неуморно ги следеше светлосните траги на филмското платно, а беше редовен гостин на „МакеДокс“ од неговото прво издание во 2010 година.

Екипата на „МакеДокс“ со високо подигнат кромид во рацете упати и огромна благодарност до публиката, која од година во година сѐ почесто го исполнува Куршумли-ан до последното столче.

По проекциите на „Мизерикордија“ и „И сѐ стана песна“, до доцна во ноќта Куршумли-ан го исполнуваше звукот на музиката на Џон Периш и Марта Колика, со Џорџа Поли како специјална гостинка.

Почетокот на вториот ден на 10.МакеДокс ќе го означи работилницата „Идеи преку граници“ со Јана Цисар, која од 22 до 24 август во Даут Пашин Амам ќе биде фокусирана на филмската копродукција.

Вечерната програма ќе биде отворена со изложбата „Љубените.

Сеќавање на еден заеднички живот“, дванаесет портрети од Билјана Гарванлиева
(1973-2016) и Мануел Цимер, направени со дигиталниот метод на т.н. „проширена реалност“.

Портретите се тестамент на нивната љубов во време на прераната смрт на Билјана.

Изложбата е поставена во Чифте амам.

На платото пред Куршумли-ан во 20:30 часот ќе се одржи светската премиера на документарецот „Тетовски самрак“ (Северна Македонија /Германија / 2019 / 65’), кој е последен филм на Гарванлиева, а го доврши нејзиниот сопруг Цимер.

Со филмот „Ѕидот“ (Германска Демократска Република/ 1990/ 99’) на Јирген Бучер во Куршумли-ан, во 21 часот, ќе биде отворена програмата Земја во фокус – Германија.

Станува збор за живописна приказна за Берлинскиот ѕид поставен среде градот, околу Постдамер плац и Бранденбуршката порта, а срушен од народот пред точно 30 години.

Во ноќниот термин ќе бидат прикажани краткиот документарец „Ќе го убиев Клаус Кински“ (Колумбија/ 2016/ 21’) на Спирос Статулопулос, а веднаш по него и „Го сретнав Горбачов“ (Германија, Велика Британија, САД/ 2018/ 90’) во режија на Вернер Херцог и Андре Сингер за поранешниот советски и руски политичар Михаил Горбачов.

„МакеДокс“ ќе трае до 28 август, а ќе бидат прикажани 70 документарни остварувања на автори од целиот свет.

Освен во Куршумли-ан, фестивалот ќе се одржува и во Младинскиот културен центар, а проекции на филмови ќе има и во кината „Милениум“ и „Фросина“ во Скопје.

Јубилејното издание на „МакеДокс“ е поддржано од Агенција за филм на Република Северна Македонија, Креативна Европа – МЕДИА, Националната фондација за демократија од Вашингтон (НЕД), Институт „Јунус Емре“, Музеј на РСМ, Археолошки музеј на РСМ, Национална галерија, МНТ, Гете-институт, Француски институт во Скопје, Амбасада на Швајцарија во Северна Македонија, Италијанска амбасада во Скопје, Амбасада на Република Чешка во Скопје, Чешки центар Софија, Град Скопје, Амбасада на Република Словенија Скопје, Current Time TV.

Партнери на „МакеДокс“ се „Петра Пан“, „Кино Култура“, МКЦ и Кинотека на РСМ.

„MакеДокс“ 10. издание
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Првиот фестивал на кинески филмови ќе биде отворен со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“

октомври 2, 2026

Њујорк тајмс“ ги избра најдобрите серии на 21 век

септември 29, 2026

Враќање на Селин Дион на сцената, по шестгодишно отсуство поради сериозна болест

септември 14, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.