Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Могерини: Поддршката на членките за проширувањето на ЕУ е засилена
СВЕТ

Могерини: Поддршката на членките за проширувањето на ЕУ е засилена

август 30, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, порача дека на денешниот неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ забележала посилна поддршка и одлучност за проширувањето кон Западниот Балкан.

Говорејќи на прес конференцијата по министерскиот состанок, Могерини истакна дека за прв пат дискусијата за проширувањето се водела не само од перспектива на земјите кандидати, туку од перспективата на самите земји членки.

„Денеска видов уште посилна поддршка, посилна одлучност и свет за важноста ЕУ да биде конзистентна во наредните чекори во процесот на проширување, обично ова го земаме од гледна точка на земјите аспиранти, но забораваме колку е важно за нас да се обедини повторно континентот“, изјави Могерини.

Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ истакна дека интегрирањето на земјите од регионот претставува интерес за Унијата од економски, политички, безбедносен и миграциски аспект, меѓу другото.

„Но, исто така не треба да заборавиме дека ова е најверојатно единствениот регион каде пристапниот процес има длабока вредност на градење мир и помирување, овие земји војуваа до пред дваесет години и само перспективата да се биде заедно во истото семејство може да ги поттикне економски, политички, институционално да се справат со тешката историја и да гледаат кон иднината“, додаде шефицата на
европската дипломатија.

Таа потсети дека Балканот е единствениот регион каде поддршката за ЕУ достигнува повеќе од 70 отсто и дека таа енергија и е потребна на Европската Унија.

Могерини не сакаше да даде повеќе детали за дискусиите и за кои следни чекори се разговарало, особено со оглед на тоа дека Македонија е во исчекување на датум за преговори во октомври, заедно со Албанија.

Могерини, меѓутоа, призна дека министрите имале “широка“ дискусија за овие две земји.

Станало збор и за дијалогот помеѓу Србија и Косово, кои Могерини уште еднаш ги повика да ги продолжат преговорите.

„Генералното чувство е дека ако ЕУ е конзистентна за политиката на проширување, нема причина за загриженост дека друг играч би можел да одигра улога“, додаде Могерини.

Финскиот министер за надворешни работи, чија земја претседава со ЕУ до 31 декември годинава, порача дека Хелсинки го поддржува проширувањето и предупреди дека доколку ЕУ остави вакуум во регионот, други ќе го пополнат.

актуелно ЕУ Могерини поддршка проширување членки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.